Пијанистот Малек Јандали од Сирија вели: „Ни треба слобода за вистинска уметност“

Кога народот на Сирија излезе на улиците во март 2011, тие не бунтуваа само против владејачката фамилија Асад, но и против мракобесието кое им било наметнато со децении. Уметноста како целина, музиката особено, играа клучна улога во промената на парадигма која ја придружуваше револуцијата, вели народот на Сирија откако е прв пат прашан за негово мислење.

„Syria Untold“ разговараше со познатиот композитор и пијанист Mалек Јандали околу појавувањето на нови форми на уметност и музика во Сирија. Јандали, кој ја напиша песната „Watani Ana” (Моја татковина) на почетокот на револуцијата, кажува за што мисли дека е неговиот личен придонес за неговата земја: музика за слобода и правдина, музика за нова Сирија.

Сириска химна на слободата 

Последното дело на Јандали, песна наречена „Сириска химна на слободата“, е нешто што тој го опишува како „химна од народот, за народот“. За продукцијата на оваа песна тој соработувал со рускиот филхармониски оркестар и хорот на операта од Каиро, затоа што мисли дека луѓето од Сирија заслужуваат химна која го претставува народот.

Во химната се раскажува приказната за милионите сиријци погодени од тековното востание; мачениците, жените, децата и бегалците. “Има толку многу приказни, и ние уметниците, особено музичарите, сме толку среќни што можеме да ги преминеме социјалните политички ограничувања и географските граници, и да му се приближиме директно на народот, директно на срцата на овие деца,“ вели Јандали. “Ние можеме да бидеме гласот, а не ехо на овие деца. Музиката, како универзален јазик, може да ја раскаже приказната и на жртвите и приказните на овие деца да им даде човечки лик.“

Моменталната национална химна на Сирија, „Humat al-Diyar” (Заштитници на татковината), прв пат за химна била усвоена во 1938. Накратко била заменета во 1958, кога Сирија се приклучи на Соединетите Арапски Републики со Египет, но е симбол на оваа земја од 1961 година.

Syrian pianist and composer Malek Jandali. Source: Malekjandali.com

Сиријскиот пијанист и композитор Малек Јандали. Извор: Malekjandali.com

Јандали вели дека тој не ја напишал „Сириска химна на слободата“ со цел таа да стане национална химна, но би му била чест доколку сирискиот народ одлучи тоа да биде така. Песната започнува со двата збора „Сирија“ и „Слобода“ две референци кои недостасуваат во моменталната химна:

Сирија, Сирија! Татковина на слободните и земја на слободата. Сирија, Сирија! Земја на златното жито

 

Јандали е роден во Германија, но одел на училиште во својот роден град Хомс. “Секое утро, бевме принудени да меморираме и пееме слогани на режимот,“ вели тој, додавајќи дека режимот на Асад го поврзува знамето, земјата и националната гимна за режимот и фамилијата Асад, и дека Сирија е „Сирија на Асад“, Тој вели дека израснал чувствувајќи се како лицемер, славејќи ја диктатурата на Асад додека бил на училиште, и враќајќи се дома кај фамилија која била против тој брутален режим.“

Потиснување на уметноста и културата

“[Диктаторите, генерално] се плашат од уметноста и музиката, затоа што претставуваат потрага по вистината и убавината. Ако ја зборувам мојата вистина, тогаш ќе бев убиен, злоставуван и депортиран,“ вели тој, додавајќи дека портретот на диктаторот Асад се наоѓа на многу поштенски марки, ѕидови, нотеси и во нашите училишта на начин кој ги колонизира нашите простори, културата и историјата.

“Повеќето референци во химната се однесуваат на војската. Зошто не зборуваме за сириските изуми како азбуката и музиката, а не за воените сили и војни?” вели Јандали.

Сирија е татковината на најстарата светска музичка нотација, и угаритската азбука, која се смета за првата цивилизациска азбука. Но наместо да се опејуваат овие дела, националната химна започнува со референца за војската, „заштитниците на татковината.“ Иронично, сириската арапска армија, кои се всушност насилници на Асад, е причината за уништувањето на мојата татковина Сирија и за извршувањето на кривични дела против човештвото изминатите 29 месеци. Повеќе од 185 илјади цивили се убиени, повеќе од 6 милиони бегалци во Сирија и милиони надвор од земјата гледаат!“

Пред две години, Јандали сними албум наречен „Ехо од Угарит“, во обид да ја врати заборавената музика на Сирија. Тој се врати во својата земја по отсуство од 10 години и го претстави проектот пред Министерството за култура и симфонискиот оркестар на Сирија, но се соочи со отфрлање. Јандали вели дека бил принуден да оди во Претседателската палата за да бара дозвола.

“Беа потребни околу осум месеци за да добијам безбедносно одобрение и сите останати одобренија за да можам да настапувам со сириска музика во Сирија,“ вели тој. „Тоа укажува за колку е корумпиран овој систем, како тие принудуваат иселениците како мене и тебе да бидат демонизирани и непочитувани.“

Затоа што неговиот перформанс бил против желбите на Министерството за култура и симфонијата, Јандали вели дека тие го обвиниле дека е шпиун. „Тие сакаа да го спречат моето инволвирање во такви проекти во иднина. Се плашеа од знаењето и од откривање на вистината.“

Според музичарот, Сирија не е единствената што го потиснува изразувањето на уметноста; туку целиот арапски свет. Како пример тој ги наведе Суецкиот Канал во Египет и најмувањето на италијанскиот композитор Верди за операта „Аида“ за церемонијата на отворањето. „Зошто немавме арапска опера компонирана од арапски музичар за да го прославиме отворањето на Суецкиот Канал? Нели нашите предци се оние кои ја измислија музиката?“ вели Јандали.

“Тоа е навредливо за мене како арапски музичар,” вели тој. “Каде се нашите симфонии, нашите опери? Ние сме самите изумители и пак немаме глас.“

Нова генерација на сиријски уметници

Јандали вели дека диктаторите се плашат од меката моќ која може да го промени мислењето на луѓето, што е причината зашто ги таргетираат уметниците и интелектуалците. Тој лично го претрпел овој прогон. Иако ја напуштил земјата пред многу години, силите на режимот константно го ограбувале неговиот дом и тешко ги претепувале неговите родители поради неговите анти-режим активности. Но револуцијата овозможи да се роди генерација на уметници, кои се отцепуваат од декадите на официјална пропаганда присутна во уметничката продукција.

„Тоа воопшто не беше уметност,” тврди Јандали. “За да твориш потребна ти е слобода. Потребна е слобода за искрена, вистинска уметност, за знаење и за култура, за иновации и прогрес. Без слобода, не постои ништо.”

Целото творештво на Јандали се од почетокот на сириската револуција е само-финансирано. Тој великодушно го донирал своето време и музика за да им помогне на сириските деца со своите хуманитарни концерти низ целиот свет. Уметникот се прашува „Кога сириските организации ќе застанат на нозе и ќе ги поддржат малкуте вистински сириски уметници заедно со луѓето во нивната потрага по слобода и човекови права?”

Преведениот текст на од неговата последна песна „Сириска химна на мирот“ е:

Сирија, Сирија! Татковина на слободните и земја на слободата

Сирија, Сирија! Земја на златното жито

Ох мојата земја, колевка на цивилизациите, нејзиното наследство ги инспирира писарите

Татковина на чесните, почивалиште на мачениците 

Нашето сонце сјае светло, нашиот орел го искачува највисокото небо

Ох мојата земја, река на добродетели

Нејзината слава е врежана во плочи и карпи 

Татковина на пророците, азбуката и музиката 

Се молиме на Господ, никогаш да не се одделам од мојата земја, мојата фамилија 

Маслиновите градини на моите дедовци, и рацете на децата 

Земја на слободните и дом на слободата 

Сирија, Сирија! Татковина на слободните и земја на слободата

 

Овој напис е преземен од Syria Untold.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.