Безусловен основен приход за сите Европјани

Движењето кое бара на секој граѓанин да му е овозможено правото на „безусловен основен приход“ — без никаква работа — се побрзо се шири низ Европа. 

Во последниве 11 месеци, Европската граѓанска иницијатива (EЦИ) се шири преку едногодишна кампања за собирање на еден милион потписи кои го подржуваат „безусловниот основен приход (УБИ)“ за сите Европјани.

ЕЦИ сакаат сите да имаат основна, загарантирана плата, која би била доволна за да се покријат секојдневните трошоци.

Доколку ги соберат тие еден милион потписи кои претставуваат минимално барање од страна на барем седум членки на Европската Унија (ЕУ) до 14 јануари 2014, Европската Комисија ќе мора да ја разгледа нивната иницијатива и да организира јавно сослушување во Европскиот Парламент. 

Во кратки црти, тие сакаат да направат неколку пробни испитувања и да испробаат различни модели на УБИ. На долги патеки, нивната цел е на секоја личност во ЕУ да и понудат безусловно право како индивидуа, да ги исполни своите материјални потреби и да и се обезбеди достоинствен живот со воведувањето на УБИ.

Предлогот за основен приход е претставен од граѓаните на 15 членки на Европската Унија (Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Словачка, Словенија, Шпанија, Велика Британија).

Овој петок во Лице на ГВ разговарав со активистите кои собираат потписи и ја поттикнуваат свеста околу потребата за основен приход:

Станислас Журдан ни се приклучи од Париз. Тој е главниот координатор на иницијативата за безусловен основен приход на Европските граѓани во Франција.

Мартин Жордо ни се придружи од Гетеборг. Тој е главниот координатор на иницијативата на Европските граѓани за безусловен основен приход во Шведска.

Карлос Ариас ни се придружи од Мадрид. Тој придонесува за Глобал Воисес во Шпанија.

Ен-Беатрис Дупарк ни се придружи од Женева, Швајцарија.

Барб Јакобсон ни се придружи од Лондон. Таа е главниот координатор на иницијативата на Европските граѓани за безусловен основен приход во Велика Британија.

Ги запрашав околу развитокот на кампањата досега, како УБИ би ја нападнале нееднаквоста и колку би можело да чини целиот тој план.

За повеќе информации проверете на веб-локацијата Основен приход на ЕУ, Фејсбук страницата и профилот на Твитер.

Еве ви линк до нашата Гугл + страница за настани за оваа епизода на Лице на ГВ.  

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.