[Видео] Декодирање на индиското мрдање на главата за помалку од две минути

Многу луѓе ги збунува индискиот начин на мрдање на главата, што тој значи и како да комуницираме употребувајќи го истиот. Можеби и тоа е причината зошто ова сатиричко видео кое ги опишува различните типови на мрдање на главата во Индија станало вирално.

Видеото долго 1:44 минути насловено како „Што значи индиското мрдање на главата?” откако на 16 февруари беше објавено на Јутјуб, привлече над 1.2 милиони гледачи. Видеото предизвика многу интересни реакции на различни платформи на социјалните медиуми како на пример Reddit или Твитер:

Од секогаш сум го обожавала индиското мрдање на главата – но сега ГО САКАМ уште повеќе. Ова е брилијантно. http://t.co/eHxIyKqJjc
— geeta pendse (@geetapendse) 1 Март, 2014

Пол Метју, режисер и сценарист изјавил за BBC: „Да знаевме дека видеото ќе има толку голема гледаност, ќе го снимевме подобро.“ 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.