Запознајте ги најмоќните жени во Индија

Widow of former Prime Minister of India, Rajiv Gandhi and current AICC president, campaigns for the forthcoming Assembly election of the Indian eastern state of Nagaland, which goes to polls on February 23. Image by Caisii Mao. Copyright Demotix (7/2/2014)

Соња Ганди, моментален претседател на Сеиндискиот комитет (AICC), и вдовица на поранешниот премиер на Индија Ражив Ганди лобира за поддршка на изборите во источната држава Нагаланд (07.02.2014)

Можеби Индија е позната по злосторствата против жените, но земјата има неколку лидери од понежниот пол кои се издигнале до самиот политички врв и ја променија насоката на државната политика во земјата.

Во моментов во Индија се одржуваат изборите, кои ќе траат до 12 мај, па сега е вистински момент да се запознаеме со најмоќните жени во политиката во Индија.

Соња Ганди: Кралицата пчела

Родена во Италија, Соња Ганди е на чело на националната конгрес партија, една од двете водечки во земјата од 1998 година. Исто така, таа беше и претседавач на политичката коалиција „Обединета прогресивна алијанса“, од нејзиното формирање на изборите во 2004 година.

Соња е вдовица на убиениот премиер Ражив Ганди, а нејзиниот син Раул е наследник на политичкото наследство. Раул е втор по команда во Националниот Конгрес, а овој пат на изборите настапува наспроти кандидатот на десното крило, Наренда Моди.

Магазинот „Форбс“ во 2013 година ја прогласи за деветта највлијателна личност во светот. Нејзината репутација како лидер, сепак, остана во сенка на многубројните скандали и судски спорови против нејзината партија за корупција. Нејзиниот сопруг се споменуваше како еден од учесниците во воениот скандал од 90тите години, кога индиската влада прифати нелегален поткуп за продажба на оружје од шведската компанија „Бофорс“. Поради овој и слични случаи, таа е постојано на мета на Твитер за подмолни коментари.

Џајалита: „Мајката“

„Амма“ или мајка, е името под кое е позната поранешната филмска ѕвезда, а сега политичар Џајалита. Таа е премиер на јужната држава Тамил Набу, како и лидер на партијатаа All India Anna Dravida Munetra Kazhagam (AIADMK). Во политиката ја внесе актерот и политичар М.Г. Рамачандран,  уште во 1980тите години.

Џајалита Џајарам (#роденден), Кралицата од Тамил Наду, облечена како кралица на Египет (Дали некој го препознава филмот? pic.twitter.com/tQGrWcJQL3

— Индија во слики (@indiainpix) 24 февруари, 2014

Позната е и како индиската Имелда Маркос откако по полициска акција во 1996 година, во нејзината куќа беа пронајдени 10.000 свилени сариа, и неколку илјади килограми злато и сребро. Кратко била во затвор во 1997 година. За изборите, таа одбра да влезе во третиот фронт на помали политички партии, кои ќе се обидат да им наштетат на двете големи коалиции на десното крило и Коалицијата на Конгресот.

Мамата Банерџи: Постарата сестра

Подржувачите ја нарекуваат „Диди“, или постара сестра. Премиер е на Западен Бенгал и е на чело на „Сеиндискта Тринамол Конгрес Партија“. Својата репутација ја стекна како првата жена министерка за железница во 2002 година. Ги подржуваше фармерите во Нандиграм кои беа против одземањето на земјата со цел изградба на специјална економска зона.

Chief Minister of West Bengal Mamata Banerjee campaigns for General Elections at South Tripura. Image by Reporter #24728 Copyright Demotix (1/4/2014)

Мамата Банержи зборува во Јужна Трипура (1/4/2014)

И „Диди“, која има повеќе од 688.000 фанови и следбеници на социјалната мрежа Фејсбук, постојано е тема на контроверзии како и критики.

Обид да се задуши слободата на говорот во Индија. Владата на Западен Бенгал го забрани филмот во кој се критикува Мамата Банержи. http://t.co/lbz4SXwKfn

— Нарахари Витал Рао (@vnarahari) 25 февруари, 2013

Или пак, кога не ги почитува правилата на изборната комисија:

Изборната комисија и нареди на владата на Мамата да ги исполни директивите,

— Индиа Денес (@IndiaToday) 8 aприл, 2014

Мајавати: Малата сестра

Поранешната премиерка на Утар Прдеш во Северна Индија, е вистински пример за социјално издигнување.. Влезе во политиката во 1977 година, а од тогаш е на чело на Бахујан Самај партијата (BSP). На хинду, Бахујан значи „разнообразни луѓе“, а целта на партијата е да ги приближи долните и горните касти во индиското општество.

Подржувачите ја обожуваат, но сепак, нејзиниот потег да се појави со венец изработен од рупии во Лукноу, главниот град на земјата, не помина без критика.

Дали некој може да го заборави венецот на Мајавати? Секако дека не pic.twitter.com/FqZkIkh

— Гласот на народот (@janlokpal) 6 септември, 2011

Шушма Шварај: Едноставно своја

Sushma Swaraj. Image by Shamik Faraz, Wikimedia Commons

Шушма Швара

Лидер на опозицијата во долниот дом на Парламентот. Дел е од десното политичко крило во земјата, а доколку не беше влијанието на Нарендра Моди, таа немаше да биде кандидат за премиер. Има повеќе од еден милион следбеници на Твитер.

Шварај е најмладиот министер во кабинетот на премиерот.

Победник со најголем процент на гласови во 2009: Шушма Шарај 78.8% http://t.co/IxVPQfpngk #1bnvotes

— Си-ен-ен вести (@ibnlive) 8 април, 2014

Освен споменатите, има и многу други жени кои се очекува да остават свој белег во формирањето на идната влада во Индија. Тие се Шмрити Ирани од Бхаратија Јаната партијата, лидерот на комунистичката партија Бринда Карат, како и Ума Барти, исто така од Бхаратија Јаната.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.