Борба против осакатувањето на женски гениталии во Гамбија: Активистите им се спротивставуваат на религијата и традицијата

Anti-FGM activists marching in the Gambia. Photo released under Creative Commons by Gamtrop

Анти-FGM активисти маршираат во Гамбија. Фотографија објавена под Creative Commons од GAMCOTRAP

Аја Бабунг Сидибех ја следеше културната традиција и стана практикант на осакатувањето на женски гениталии (FGM) по смртта на своите родители во нејзиното родно место Јанјангбурех во Гамбија. Но таа оттогаш го „фрли ножот” и започна активна борба против истото. 

„Да го знаев порано тоа што го знам денес, никогаш немаше да „осакатам” ниту една жена,” објасни таа на 23ти април во склоп на напис во весникот Standard Newspaper. „Предизвикавме многу страдања кај нашите жени, да го знаеа тоа моите родители, немаа никогаш да „осакатат” никото. Проблемот беше игнорантноста.”

Нејзините коментари беа одговор на декларацијата на Алхају Абдуле Фати во истиот весник неколку недели порано, дека нема FGM во Гамбија. „Тоа што се случува тука е обрежување на жените. Ако знаете што значи FGM, ќе знаете дека тоа тука не го практикуваме. Ние не ги оштетуваме нашите деца. Тоа што е случува тука е обрежување, и тоа е нашата религија. Не ги оштетуваме нашите луѓе. FGM е дел од нашата религија.”

Над 90 проценти од населението на Гамбија се Муслимани, но исламските свештеници се поделени во поглед на FGM според извештајот на Unicef. Додека некои го гледаат како нешто културно, други веруваат дека е фундаментална практика. Не постои закон во земјата кој ја забранува оваа практика. 

Коментарите на имамот поттикнаа веб-страницата What's On – Gambia да ги праша своите следачи на Фејсбук, „Дали се приближува крајот на осакатувањето на женските гениталии (FGM) во Гамбија?”

Исату Јобис одговори, повикувајќи ги жените да се здружат затоа што тие ја знаат вистинската болка на оваа практика: 

Ние жените мора да се обединиме и да го истераме FGM од оваа земја. Заомнете дека и оние кои осакатуваат и самите осакатени се жени. Како очекувате овие мажи да ја разберат болката низ која поминуваме. 1. Тие не не следат кога ги раѓаме нивните деца, туку остануваат дома за да пијат атаје и да зборуваат глупости /// 2. На полето на романтика, ние се нула. Дали ним им е воопшто грижа дали уживаме во сексот или не? /// 3. Тие ќе направат се за да не потиснат. НЕ ЗА FGM

Мансур Сове ги собори аргументите дека FGM е верска обврска, дека ја подобрува хигиената и дека е дел од традицијата: 

СЕ ВЕРУВА ДЕКА…. е верска обврска, но Куранот не го спомнува осакатувањето на женските гениталии ниту пак обрежувањето. 
2. Похигиенски е но  FGM може да предизвика уринарни и гинеколошки инфекции, тетанус, СИДА, анемија, дури и смрт. 
3. Дел е од традициите и обичаите но традицијата мора да се промени кога се пркоси со човековите права и кога ги загрозува здравјето и животите на луѓето. 
4. Ја заштитува невиноста, но невиноста може да биде заштитена и без осакатување
5. Жените ќе можат да имаат повеќе бебиња, но FGM може да  ги уништи шансите на една жена за деца и може да предизвика компликации за време на пораѓањето, а некогаш дури и смрт на дедето или мајката.

Да беше FGM важен за Исламот, зборуваше Аиша Е. Сусо, Aisha E. Suso, тогаш ќе имаше дел за него во Куранот: 

Не ги мешајте традицијата/културата со религијата. Жените треба да одлучат дали сакаат FGM или не. Вие мажите кои го поддржувате ова, не знаете низ што поминуваме во името на културата/традицијата. Да беше FGM важен за нашата чест, тогаш истото ќе беше споменато во Куранот.

Аја Бабунг Сидибех, поранешен практикувач на FGM, дефинитивно не е сама во борбата против FGM. Гамбискиот комитет на традиционални практики (GAMCOTRAP) е една од водечките организации во борбата против оваа практика низ земјата. Организацијата работи кон креирањето на свесност кон традициите за зачувување на корисни практики како и елиминацијата на оние штетните, вклучувајќи ги и FGM.

Видеото на YouTube прикажано подолу е објавено на 14ти февруари, 2013 година од страна на GAMCOTRAP прикажува повик за прекинување на насилството врз жените во Гамбија: 

Но има и онакви кои го поддржуваат сечењето, како што е Фабакари Јаммех кој напиша на Фејсбук страницата на What's On – Gambia:

FGM е здраво и исламско. Оние чив клиторис не е исечен продолжува да расте што некогаш привлекува болести. Нема вистинска научна основа за неговото клеветење. Туку западот сака да ги ограби африканците од нивните драгоцени вредности кои се толку важни што било какво отстапување може да предизвика генерациски јаз и ментален колонијализам. 

Аргументите како овој се брзо разоткриени кога жртвите ги кажуваат своите лични искуства. Еден напис на Фејсбук страницата на младинската организација Activista детално ја објаснува варварската реалност на FGM:

Никогаш немаше да поверувам дека FGM има свои здравствени предности, ако не поради причината што бев очевидец на срцепарателната приказна на една жртва не само на FGM но и на процесот наречен запечатување. Младата активистка беше доволно храбра да ги сподели своите искуства со секој присутен во салата. Некои од нејзините зборови беа „Осакатена од 3 годишна возраст и принудена на брак на 13. Моите права беа повредени и запечатени, сите со цел моја заштита од тинејџерска бременост. Бракот не можеше да биде конзумиран и единствената опција беше насилно отворање на вагиналниот отвор. Дали можете да замислите, цел живот да чекате да водите љубов со вистинската личност за да сфатите дека ќе завршите во болка и без чувства во сексот? Најлошиот дел беше моето пораѓање кога бев премногу млада, сакав да зачувам живот, со што само сфатив дека може да го изгубам својот. Внимавајте! Најболното нешто што може да и се случи на една девојка е осакатувањето на нејзините гениталии. #UpwithJustice и #DownWithFGM

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.