Серијалот „Луѓето од Њујорк“ инспирираше интимни прикази за животот во Ирак и насекаде низ светот

Humans of Lebanon

Во чадорот е разликата. Улица Хамра, Бејрут. Фотографија на Фади Букарам од фејсбук-страницата на „Луѓето од Либан“ (Humans of Lebanon).

Погледнав на страницата Луѓето од Либан (Humans of Lebanon) и веднаш се потсетив колку ја сакам таа држава. Слика на маж како бега од дождот, додека млад пар удобно си шепоти под еден чадор, ме потсети на една слична врнежлива ноќ на улицата Хамра, ноќ кога олуците за малку не ги поплавија тротоарите, а дождовницата се упати кон нас. Се преместивме на асфалтот и танцувавме на поројниот дожд.

Нашиот краток момент не беше овековечен на филм (барем колку што јас знам), но страницата Луѓето од Либан, исто како и идејата која ја инспирираше, страницата Луѓето од Њујорк (Humans of New York), е полна со такви живописни сцени. Зачинети со понекогаш изопачени, а понекогаш срцекршачки коментари од субјектите во фотографиите, овие страници претставуваат прозорец кон различните светови, еден визуелен приказ на патописот.

Луѓето од Њујорк – (Humans of New York) – HONY—местото каде започна сè — стана еден вид на феномен. Тоа се случи откако страницата на идејниот творец Брендон Стентон, кој уште минатата година тргна на патување во Иран (каде ги фотографираше луѓето на истиот начин на кој, повеќе од една година, ги „очовечуваше“ и Њујоркчаните), доживеа невиден напредок и му овозможи на Стентон да склучи договори за издавање и промовирање со национално покривање од страна на мејнстрим медиумите во САД. Неодамна, Стентон беше поканет на светска тура организирана од Обединетите Нации и неговите фотографии од Ирак и Јордан веќе се дел од светската интернет мрежа каде многумина коментатори го опишуваат „очовечувачкиот“ ефект кој тие го имаат.

“I’m living a good life. I’m a business owner. A lot of hotels say, ‘Come shine shoes for us. We will pay you better.’ I tell them: ‘Why would I do that? I am free.’” (Shaqlawa, Iraq). From the Humans of New York Facebook page, uploaded on August 1, 2014.

„Живеам добар живот. Си имам свој бизнис. Многу од хотелите ми велат: „Дојди и чисти чевли за нас. Ние подобро ќе ти платиме.“ Им велам: „Зошто би го направил тоа? Слободен сум.“ (Шаклава, Ирак). Преземено од Фејсбук-страницата „Луѓето од Њујорк“ (Humans of New York), прикачено на 11-ти август 2014 година.

“…Не се обидувам да ги одгатнам овие сеприсутни филозофии во поглед на тоа што е целта на Луѓето од Њујорк, или како таа придонесува за светот, во што е значењето на мојата работа, зошто го правам сето ова, ме разбирате? Го правам бидејќи сакам да го правам, гледам дека другите уживаат во него и сакам да ја унапредам мојата работа. Ако постои некое посебно значење, сакам тоа да си дојде природно“, рече Стентон, во едно интервју во 2013-та.

И повторно, очигледно е дека Луѓето од Њујорк и нејзините изведени верзии, ни дадоа нови леќи и прозори кон други светови. Едно брзо пребарување по фејсбук дава десетици и десетици страници, од Луѓето од Индија (Humans of India) до Луѓето од Стоуни Брук (Humans of Stony Brook). Овие страници преставуваат еден фотографски попис на мали и големи градови. Без воопшто да се качите на авион, тие нудат краток поглед во кафе-баровите и сиромашните квартови на далечни дестинации. Дотолку повеќе што нудат и краток поглед и во умовите на нивните жители.

"I started feeding him, he started protecting me from the bullies. Now we're brothers." From the Humans of India Facebook page.

„Почнав да го хранам, а тој почна да ме брани од насилниците. Сега сме како браќа.“ Преземено од Фејсбук-стрницата на „Луѓето од Индија“ (Humans of India). Прикачено на 26-ти јуни 2014 година.

"In Syria, I used to have a small library and a club for young people who love to read, and would sell books for cheap prices so as many people as possible could benefit. I'm the one in charge of the publishing house you can see inside, which is where I sell books as well." "How did reading change your life?" "Human! Reading made me human." "When did you start reading?" "I started at the age of 15, I used to spend my pocket money on books to read without my parents knowing. They would always ask me where I spent all the money, until they saw all the books I was hiding under my bed."

“Во Сирија имав мала библиотека и клуб за млади кои сакаат да читаат, па продавав книги по ефтини цени за што е можно повеќе луѓе да имаат корист од тоа. Јас сум одговорен за издавачката куќа што ја гледате внатре, а тоа е истото место каде што и ги продавам книгите. „Како читањето го промени твојот живот?“ Човек! Читањето ме направи човек. Кога започна со читање? „Со читање започнав кога имав 15 години и кога го трошев џепарлакот на книги за да можам да читам без да дознаат моите родители. Секогаш ме прашуваа каде ги потрошив сите пари, барем додека не ги видоа сите книги скриени под душекот на креветот.“ Преземено од Фејсбук-страницата „Луѓето од Аман“ (Humans of Amman). Прикачено на 15-ти август 2014 година.

Пред две години шведската Влада најде начин како да го употреби твитер-профилот @sweden, профил кој несомнено го регистрирале неколку години пред тоа. Секоја недела, на различни шведски граѓани, им даваа контрола врз профилот, со тоа овозможувајќи и на твитер-заедницата да добие една разнолика слика за тоа што значи да се биде граѓанин на Шведска. И покрај тоа што не помина без контроверзии, проектот беше окарактеризиран како огромен успех, што доведе до негови копии да се направат од САД – @twkUSA (каде Американците покажуваат нешто од нивните животи) до @WeAreNaija (каде Нигеријците ни презентираат мали парчиња од нивното поднебје). Занимливо е секоја седмица да се гледа како некоја личност ја прикажува татковината различно од претходните луѓе.

Според зборовите на Луѓето од и Твитер, профилите често соработуваат меѓусебе. @Sweden и @twkUSA дебатираат за тоа која држава е поголем консумент на кафе. Луѓето од Кина оставија коментар на страницата на Луѓето од Њујорк. Мали моменти, споделени меѓу културите. Мали моменти, дегустирани помеѓу далечни пријатели.

Често се случува на страниците на Луѓето од да се објави фотографија и кратко потоа некој да го идентификува субјектот во коментарите. „Еј, тоа е мојот пријател!”, вели некој, означувајќи ја личноста во фотографијата (или пак не—понекогаш забораваме дека не целиот свет ја користи оваа популарна друштвена мрежа). На истиот начин на кој фанатично пребарував некој артефакт кој припаѓа на некоја далечна онлајн ѕвезда, некоја личност, на која за момент почнав да и се восхитувам, ми се појавува на дофат на еден клик на компјутерското глувче. Можам да го посетам нејзиниот виртуелен дом, да погледнам во нејзиниот живот, онака како што тоа можеме да го направиме во густо населена урбана уличка. 

Луѓето од Техеран (Humans of Tehran), страницата на која е нагласено дека „Техеран не е толку далеку колку што мислите дека е“ има повеќе од 160 000 фанови, од кои многумина се Американци. Во време во кое американските граѓани, барем технички, можат да патуваат во Иран, повеќето не го прават тоа. Анимозитетот помеѓу нивната и иранската влада им дава на луѓето еден впечаток дека танува збор за опасно место, додека рестрикциите и забраните кои иранските власти им ги наметнуваат на американските патници ги премислуваат и оние кои би можеле да пробаат. Сепак, коментарите на страницата Луѓето од Техеран покажуваат дека интересот дефинитивно постои. Позитивни коментари како овој се правило, а не исклучок: „Конечно имаме можност да видиме и да слушниме други приказни од Техеран, настрана од оние кои ни ги сервираат медиумите.”

Повеќето Американци, исто така, го избегнуваат и Пакистан, нешто за кое што креаторот на Луѓето од Лахор (Humans of Lahore) е свесен и затоа тврди дека целта на страницата е „да се обиде да направи придонес кон овој дел од светот, кој честопати е погрешно разбран и прикажан.“ Прикажувајќи фотографии од занаетчии, сиромашни дечиња, Хинду прослави, продавачи на зачини и жени на мотоцикли, прикажувајќи вистински мозаик на една разновидна и заносна земја-токму тоа и го прават. 

Многумина од нас веруваат дека нашите онлајн интеракции постојат единствено во еден меур, дека разговорите кои ги водиме се можни само со луѓе кои имаат ставови слични на нашите, оставајќи мала можност за случување на вистински политичко-општествени промени, кои продолжуваат да бидат надвор од дофат. Сепак, проектите како Глобал Војсис, Луѓето од… и национално фокусираните твитер-профили покажуваат дека луѓето си подаваат рака надминувајќи ги географските меридијани, ако не и политичките.

Според мене, ова е вистинското нешто. Изминатите осум години ги посветив на тоа да подавам рака преку овие меридијани, иако многу од луѓето кои ми подаваат рака од другата страна на меридијаните се луѓе со слични идеологии, сепак, начинот на воспитување или образование не може да биде поразличен од тоа што е. Постои нешто вредно во надминувањето на политичките бариери, но исто така, не смееме да заборавиме на вредноста на преминувањето на географските бариери. Преку патувањата, и „вистинските“ и виртуелните, пронајдов дел од моите најблиски пријатели, соучесници во „злочини“ и луѓе на иста бранова должина. Можеби и вие ќе најдете такви луѓе на овие портали.

Неколку од моите омилени:

Луѓето од Сиракуза – Humans of Syracuse (Њујорк)
Луѓето од Загреб – Humans of Zagreb 
Луѓето од Париз – Humans of Paris
Луѓето од Буенос Аирес – Humans of Buenos Aires
Луѓето од Сингапур – Humans of Singapore
Луѓето од Индија – Humans of India
Луѓето од Аман – Humans of Amman
Луѓето од Торонто – Humans of Toronto
Луѓето од Детроит – Humans of Detroit
Луѓето од Дурбан – Humans of Durban
Луѓето од Љублин – Humans of Lublin (Полска)
Луѓето од Рим – Humans of Rome

Џилијан С. Јорк е писателка и активист за слобода на изразување која моментално работи како Директор за меѓународна слобода на изразување при Фондацијата Електроник Фронтиер во Сан Франциско. Нејзината работа е фокусирана на пресекот на технологијата и политиката. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.