Египетската влада бара од САД да “покаже воздржаност во Фергусон” и твитер корисниците одговараат со овој брилијантен хаштаг

Египетски и не-Египетски твитер корисници даваат совети на полицијата во САД за тоа како да се справи со континуираните немири во Фергусон, Мисури.

Саркастичниот хаштаг #EgyPoliceTipsToUS (#ЕгипетскиПолицискиСоветиЗаСАД) беше пуштен на твитер како реакција на изјавата од владата во Египет која ја повикува полицијата во САД да „покажат воздржаност” во Фергусон, каде изминативе 11 дена се соочуваат протестанти и локална полиција во опрема соодветна за војската, откако полицаец уби невооружен афро-американски тинејџер. Полицијата во Фергусон е претежно составена од белци и врши притисок врз новинари на местото на немирите, користи солзавец и гумени куршуми на протестантите. 

Според корисниците на твитер, Египет треба да биде последната држава која ќе дава такви совети на САД., земајќи предвид сопственото искуство во справување со немири, од почетокот на Египетската револуција на 25ти јануари, 2011. Хаштагот потсети на некои од злосторствата направени од припадниците на Египетските полициски сили против протестантите, вклучувајќи го и еден од најкрвавите денови во поновата историја на протести, кога беа убиени повеќе од 800 протестанти во Раба на 14ти август, 2013. 

MENA соработникот за истражувања во Одборот за заштита на новинари, Џејсон Стерн твиташе за неговите следбеници:

Тој ги сподели следниве совети со видеа кои ја покажуваат полициската бруталност и тактики на египетската полиција:

Други твитер корисници продолжија со нивни совети.

Корисникот @befroggled, со 760 следбеници на твитер, потсети на присилните тестови за невиност спроведувани од египетската војска на жените протестанти во плоштадот Тахрир во 2011.

Таа исто така наговести за користењето на против-терористички мерки од полицијата какo изговор за акции против протестанти:

Билал Зребел вели на своите 5,200 следбеници:

Потсетувајќи се на масакрот во Раба, во кој Египетската влада насилно уби повеќе од 800 протестанти во еден ден пред една година, некои од нив со горење, тој пишува:

OthmaNation, со 1,500 следбеници, го споменува и тепање на ‘протестантката во син градник’ од припадници на Египетската војска за време на анти-воен протест во декември 2011.

И адвокатот Шериф Саадни го сподели овој совет со неговите 3,902 следбеници:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.