Русија ја зголемува цензурата на содржините од ИСИС на социјалните мрежи

Russia's new efforts to search for and delete ISIS social media content. Images edited by Kevin Rothrock.

Нови напори на Русија во пребарување и бришење на содржини од ИСИС од социјалните мрежи. Фотографии уредени од Кевин Ротрок.

Територијалните освојувања во изминатава година ја изненадија светската јавност, но некои од најизненадувачките успеси на ИСИС ни доаѓаат од сајбер просторот, каде е во подем присуството на групата на социјалните мрежи. Користејќи Твитер, Инстаграм, и Јутјуб, како и разни интернет мемиња, ИСИС објавува видеа и фотографии, во кои често се прикажани насилни сцени од обезглавувања и измачување врз граѓани на Ирак и Сирија. Поддржувачите и разни девијантни интернет корисници набрзина ги закачуваат и шират тие содржини насекаде низ светот. 

Спинот од Ал Каеда, ИСИС, сега контролира една третина од Сирија и четвртина од Ирак, сеејќи страв и ужас по нивниот пат. ИСИС привлече илјадници млади од целиот свет, кои се индоктринираа во нејзината екстремистичка идеологија, за која дури и озогласената Ал Каеда вели дека е „брутална“.

Но, што ја води ненадејната онлајн експанзија на ИСИС? Владите се надеваат дека зголемената контрола и забрани на социјалните мрежи ќе помогнат во напорите да се ограничи, идеолошки и логистички, досегот на групата. 

Неодамна, замениците во руската дума побараа од јавниот обвинител да ги етикетира сите видеа од, и за ИСИС, како екстремистички, со што би станало обврска на федералните цензори да го забранат објавувањето и споделувањето на таквите содржини. Минатата недела, властите одговорија преку барање до руската агенција за надзор на медиуми, Роскомнадзор, да го забрани пристапот до речиси 400 различни хипер-линкови на Вконтакте и Јутјуб кои ги водат корисниците до пропагандниот филм на ИСИС, „Звукот на мечовите“. Денес, 27ми октомври, јавниот обвинител повторно испрати барање до Роскомнадзор, наредувајќи им да забранат седум различни страници на Вконтакте поради споделување на повик од ИСИС за екстремизам и терористички акти.

Роман Кудјаков, заменик во парламентот кој ја предводи иницијативата, вели дека слободниот пристап до сајтови со содржини од ИСИС претставува закана за руската држава и општество, преку популаризирање на исламските фундаменталистички идеи. Кудјаков, цитирајќи го присуството на преводи на руски на некои од видеата на ИСИС, вели дека содржините имаат за цел регрутирање на нови членови од Русија.

Потегот да се забрани медиумската содржина на ИСИС се придружува кон зголемен тренд на интернет надзор и цензура во Русија, но оправданоста на ослабување на напорите на ИСИС за регрутирање преку таргетирање на социјалните мрежи е дискутабилна. Минатиот јуни, Групата за безбедносни консултации Соуфан објави студија за онлајн напорите за регрутација на сиријските борци, каде пронашле дека новите членови се често „поврзани преку само-селектирани кругови“. Со други зборови, видеата и мемињата на ИСИС кои циркулираат онлајн можеби се само последица на веќе постоечките социјални кругови во офлајн светот, наместо како резултат на некоја брилијантна маркетинг кампања на социјалните мрежи.

Како што Глобал Војсис напиша и порано, обвинувањата за тероризам и екстремизам се некои од начините преку кои полицијата од целиот свет го ограничува слободното изразување и го оправдува притворувањето на корисниците на социјалните мрежи. Во Русија, има долга историја на гонење на муслимани, вклучително и користење на измачувањето како начин на изнудување признание од оние кои се осомничени дека имаат врски со тероризмот.

Додека зголемената руска контрола на онлајн содржините на ИСИС можеби ќе успее во намалувањето на досегот на групата, тоа исто така ќе направи и обичните граѓани — особено оние кои шират религиозни материјали онлајн — да станат поранливи кон нови криминални гонења, каде постои закана од повеќе арбитрарни апсења и малтретирање на луѓето во притвор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.