Снимки од беспилотно летало од унгарските протести против „Данок на интернет“

Унгарците протестираа во огромен број против предложениот закон за оданочување на интернет сообраќајот за кој многумина во државата сметаат дека е скандалозен.

Унгарската влада планира да воведе данок од околу 0.6 американски долари по гигабајт интернет сообраќај. Овој предлог ја прелеа чашата за многумина и десеттици илјади излегоа на улиците на Будимпешта во недела, 26ти октомври, 2014, и вторник, 28ми октомври. Демонстрантите во главниот град наскоро добија поддршка и од демонстранти од другите градови.

Фејсбук страницата која се користеше за координирање на овие настани има собрано преку 200.000 лајкови до овој момент. Демонстрантите ги кренаа своите телефони во воздух како симболична демонстрација до унгарскиот премиер дека тие го користат интернетот и истиот им треба за секојдневно информирање за светот. Истражниот сајт Atlatszo.hu објави видеа со снимки од беспилотни летала како прелетуваат над двата протеста во Будимпешта:

http://vimeo.com/110394933

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.