Руските обвинители велат дека реакцијата на еден човек кон етничките немири била говор на омраза

Riot police and demonstrators clash in Biryulyovo, October 13, 2013. YouTube.

Судири помеѓу специјалната полиција и демонстрантите во Бирјуљово, 13ти октомври, 2013. Јутјуб.

Помина повеќе од година откако Константин Санков напиша наводно расистички коментар на Вконтакте, најпопуларната руска социјална мрежа. Оваа недела, тој можеби ќе плати за истиот.

Во октомври 2013, избувнаа протести во московското предградие Бирјуљово по убиството на маж со руско етничко потекло, наводно од рацете на Азербејџанец. Константин Санков, етнички Русин кој живее во Санкт Петербург, коментираше онлајн за овој инцидент, користејќи изрази кои властите ги сметаа за говор на омраза. Сега, по повеќе од една година од неговиот последен коментар, тој е конечно упатен на судење.

Оригиналниот текст од коментарите на Санков не беше пренесуван од медиумите ниту од властите кои коментираа за проблемот, и веќе не е достапен на Вконтакте.

Санкт Петерсбуршкиот јавен обвинител вели дека јазикот на Санков претставувал говор на омраза, кој е забранет со контроверзниот Член 282. Русите ширум политичкиот спектар, како и активистите за човекови права и нео-нацистите, ја обвинуваат полицијата за арбитрарно користење на Членот 282 за задушување на слободата на говор, особено на интернет. Санков е обвинет за „повик за насилни акти против група дефинирана со термини како национален идентитет, јазик, потекло, или територија“. Доколку го осудат, тој може да биде во затвор и до пет години. 

Државниот обвинител вели дека коментарот на Санков се појавил заедно со линк од видео кое тој го објавил на Вконтакте. Видеото прикажува мал сегмент од телевизиска емисија која се фокусира на убиството кое ги покрена немири во Бирјуљово. Изјавата за медиумите на јавниот обвинител за случајот иде дотаму што вели дека Санков бил „воден од погрешна смисла за правда“ кога го прикачил видеото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.