Граѓаните на Тунис избираат нов претседател

Voters stand in line to cast their votes. Photo shared by Tunisia Live on Twitter

Гласачите чекаат во редица да гласаат. Фотографија споделена од Тунис во живо на Твитер

Граѓаните на Тунис денес повторно се упатуваат кон гласачките места да гласаат за нов претседател, во втората рунда од претседателските избори.

Привремениот претседател Монцеф Марзоуки се соочува со 88 годишниот политички ветеран Беџи Каид Есебси од Nida Tounes (политичка партија).

Во првата рунда од претседателските избори, Есебси освои 39 проценти од гласовите додека Мазоуки беше втор со 33 проценти.

Партијата на Есебси го освои мнозинството за време на парламентарните избори на 26 октомври, освојувајќи 86 од вкупно 217 членови. Исламистичкото движење „Enahdha“, кое победи на изборите во 2011, освои 69 членови.

Иако неговата партија не помина толку добро во парламентот освојувајќи само 4 члена, Марзоуки е поддржан од симпатизерите на движењето Ennahdha. Ова е и покрај одлуката на Ennahdha, кои не излегоа со нивни кандидат за претседател, ниту со поддршка за некој од финалните кандидати.

„Историско“ гласање

Гласањето на 21 декември ќе стави крај на 4 годишната демократска транзиција која започна по истерувањето на минатиот претседател Зине ел-Абидин Бен Али на 14 јануари, 2011.

На Твитер, нетизените ја споделуваат нивната надеж за подобро утре на Тунис.

4 дена по 4 годишнината од почетокот на арапската пролет, #Tunisia гласа во недела. Светла точка на растење на демократијата во поле од плевел

— Брајан Клаас (@brianklaas) 19ти декември, 2014

Моќта на претседателот кој ќе биде избран е ограничена со уставот од 2014. Сепак, денешните избори се сметаат за „историски“ бидејќи ова ќе биде прв пат за граѓаните на Тунис да можат слободно да го изберат својот претседател.

Добри вести за почеток на денот: #Tunisia ќе го избере својот претседател денес, што само по себе е историско, без разлика на тоа кој ќе победи #Tunprez

— дона (@donatelladr) 21ви декември, 2014

Утре е денот за гласање и никој не знае кој ќе биде следниот претседател на #Tunisia. Тоа, само по себе, е историско. #TnPrez

— Несрине Џеј (@sasoukee) 20ти декември, 2014

Кој и да победи ќе биде првиот слободно избран претседател во историјата на #Tunisia и единствениот демократски избран лидер во арапскиот свет во моментов

— Навеена Котоор (@NaveenaKottoor) 21ви декември, 2014

Кандидатите

Беџи Каид Есебси беше на разни министерски позици за време на владеењето на автократскиот претседател назначен по осамостојувањето Хабиб Боургуиба, вклучувајќи ја и озогласената позиција министер за внатрешни работи од 1965 до 1969. Есебси исто така беше и шеф на Домот на пратеници помеѓу 1990 и 1991 за време на владеењето на Зине ел Абидине Бен Али.

По револуцијата во 2011, тој беше назначен како привремен премиер пред да ја напушти позицијата пред изборите за основачкото собрание во 2011. Опонентите на Есебси го критикуваат за неговата возраст и неговите релации со претходните автократски режими на Боургуиба и Бен Али. Неговата партија Nidaa Tounes во водечкото членството вклучува и припадници на минатиот режим.

На 69 години, Монцеф Марзоуки беше активист за човекови права и политички опонент на режимот на Зине ел Абидин Бен Али. Тој служеше како шеф на Туниската лига за човекови права помеѓу 1989 и 1984. Во 2001, тој ја основаше централно-левичарската партија Конгрес за Републиката (КЗР), која по една година беше забранета и Марзоуки побара азил во Франција.

Марзоуки стана претседател во декември 2011 откако неговата партија заврши на второ место во изборите за основачкото собрание и влезе во влада од три-партиска коалиција со исламистичкото движење Ennahdha, кое го освои мнозинството на изборите во 2011.

Критичарите на Марзоуки го обвинуваат него и перформансите на неговите владеачки партнери за ерозијата на животниот стандард, порастот на милитантните напади врз војската и полицијата на Тунис и два политички атентати врз секуларниот политичар Чокри Белаид и членот на основачкото собрание Мухамед Брами.

На 19ти декември, Есебси рече:

Беџи Каид Есебси: На 21ви декември, гласачите треба да сфатат дека ќе гласаат против оние кои се обидуваат да ја оживеат Троиката [три-партиската коалиција која беше на власт помеѓу крајот на 2011 – и почетокот на 2014]

За време на неговата кампања, Марзоуки се повика на неговото минато како активист за човекови права и „удри“ по неговиот противник за неговото служење во претходниот режим.

Методите на претходниот режим треба да си одат

Тој понатаму се претставува како „гарант на слободите“:

Јас ќе бидам гарант за слободите и демократија, и патот на историјата никогаш да не води назад

Но, Есебси исто така ветува дека ќе ги гарантира и слободите.

Каид Есебси: Јас ќе бидам тој што ќе гарантира за слободите. За разлика од нашите противници, ние гледаме кон иднината а не кон минатото

Извештаи за мала излезност

Со собирањето на гласачите на избирачките места кои се отворија во 8 часот утрината и се затвораат во 6 часот попладне по локално време, излегоа извештаи за мала излезност.

До 10 часот по локално време во Тунис, претставници од избирачката комисија забележаа 14 процентна излезност во вториот круг на претседателските избори.

— Тамер Ел Гобаши (@TamerELG) 21ви декември, 2014

Вафа Бен Хасине твитна фотографија од празно избирачко место во Мадиа (централно-источен Тунис).

Избирачкото место во Мелоулеч, Мадиа толку празно 🙁 #TnPrez #Tunisia pic.twitter.com/NsVbV1rsM5

— Вафа Бен Хасине (@ousfourita) 21ви декември, 2014

Таа додава во друг твит:

„Повеќе луѓе излегоа на гласањето за првите претседателски избори, дури и за парламентарните“ гласач од Мадиа #TnPrez #Tunisia

— Вафа Бен Хасине (@ousfourita) 21ви декември, 2014

Саран Аиси твиташе:

Во 09:00, јас бев шестиот гласач во моето гласачко место. Има толку малку гласачи што комисијата се забавува броејќи ги.

Според изборната комисија, одзивот во земјата достигна 36.8 проценти, земено во 14:30 часот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.