Дали смртта на карикатуристот ќе доведе до воведување подобри сообраќајни закони во Бермуда?

Сакан политички карикатурист од Бермуда почина откако беше удрен од моторно возило додека бил на пат да го достави неговиот најнов цртеж до весникот каде работел. Блогот „Beach Lime“ забележува дека „градските власти на Хамилтон веднаш реагираа да се помести пешачкиот премин понастрана од кружниот ток, во напори за подобрување на безбедноста на пешаците“. Сепак, блогерот вели дека може да се направи и повеќе, вклучувајќи го и поставувањето на добра сигнализација и осветлување, дури и изградба на издигнат пешачки премин.

Во следен пост, тој се сеќава на неговите искуства во сообраќајот и предвидува дека доколку во скоро време не се превземат правилните мерки, прашање на време е кога ќе ја имаат следната жртва на патот:

Се пали зеленото светло, колата пред мене тргнува полека, и тогаш – зуум, сив хечбек поминува [на] црвено светло.

На луѓето овде не им е гајле, бидејќи знаат дека ризикот да бидат во невоља е многу мал. Останатите возачи и пешаци се приморани да користат потези да ги одбегнат. Со сила, нема правдина. Можеби има камери на раскрсниците (којзнае?), но не постои полиса или присуство на овие сценарија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.