Мали помфрити, големи проблеми за Мекдоналдс во Јапонија

McDonalds sponsors sumo

Мекдоналдс спонзорира сумо борби. Слика Гвидон М. Вилијамс

Мекдоналдс во Јапонија продава само мали порции помфрит соочувајќи се со недостиг на компири поради штрајк во пристаништето. Овој потег предизвика вчудоневиденост и изненадување помеѓу намалениот број потрошувачи на овој ланец, и недостатокот на компири е само уште еден пример за опаѓањето на овој ланец за брза храна во Јапонија.

Штрајкот на пристаништето на Западниот брег во САД кој не покажува знаци на завршување е причината зошто Мекдоналдс прибегна кон намалување на порциите помфрит.

 Почнувајќи од денес можете да купите само мал помфрит во Мекдоналдс #MкД's #Мекдоналдс #малпомфрит

Сите оброци ќе бидат послужени со помали помфрити, со мал попуст како надомест за намалената големина.

Јапонската реакција на забранетата потрошувачка на помфрит може да биде следена користејќи го #ポテトS  хаштагот (#малПомфрит):

Почнувајќи од денес можете да купите само мал помфрит во Мекдоналдс. Ова е супер затоа што нормалната порција помфрит која Мекдоналдс обично ја продава е премногу голема, и сега ние добиваме 50 јени (0.50 долари) попуст со секој оброк!

Други не беа изненадени од промената на менито:

Немам јадено #Мекдоналдс во последно време и огромната неизненадувачка досада на нивниот мал помфрит нема да ме врати таму.

Дебаклот на помфритот во Јапонија е само продолжение на проблемите на Мекдоналдс во Јапонија, кои започнаа пред една година во август 2013, кога Сара Казанова беше назначена за претседател на Мекдоналдс Холдинг Јапонија, компанија која управува со 3.280 продавници во земјата.

По потекло од Канада, Казанова има 22 години со големо искуство во Мекдоналдс, работела како извршен директор на Мекдоналдс во Јапонија и шеф на маркетингот од 2004 до 2009 година. Таа го замени Еикох Харада, поранешен извршен директор на Епл кој работел на агресивна изградба на Мекдоналдс во Јапонија околу една деценија, добивајќи признанија како бизнис гуру во тој процес. 

Како и да е, една година пред неговото заминување, продажбата на Мекдоналдс во Јапонија опадна благодарение на силната конкуренција на продавниците за храна и стареењето на популацијата.

Годината со Казанова на кормилото на Мекдоналдс во Јапонија беше одбележана со постојано преземање погрешни чекори, вклучувајќи проблеми со расипана храна кои сериозно ја разнишаа довербата на потрошувачите, значајно бидејќи, од аспект на јапонската чувствителност, Казанова не успеа правилно да им се извини на потрошувачите. Мекдоналдс во Јапонија беше исто така критикуван поради наметнување на високи цени на потрошувачите.

После скандалот со храната, потрошувачите не се вратија во Мекдоналдс, фактор кој придонесе за првата оперативна загуба на Мекдоналдс во Јапонија. Според извештајот направен на крaјот на октомври 2014, оперативната загуба на Мекдоналдс во Јапонија се очекува да достигне 9.4 милјарди јени (85.5 милиони долари) во декември 2014, спротивно на профитот од 11.5 милјарди јени (100 милиони долари) од претходната година, кога компанијата била управувана од Хурада.

Франшизантите се вознемирени, не само поради промената во профитите, туку и поради тоа што Мекдоналдс, под водство на Казанова, воведе нејасни и тешки за управување бизнис процеси со франшизи кои доведоа до загуби.

Мекдоналдс се обиде да ги смири франшизантите со повремено намалување на плаќањата за надоместок. Но, со загубите кои се предвидуваат и во 2015, франшизантите не гледаат крај за опаѓачките продажби и очекувањата кои тие ги имаат дека треба да платат надоместок без оглед на пазарните услови.

Изјавата на еден франшизант, објавена во Никеи Шимбан, се прошири насекаде:

「フランチャイズオーナーの私たちには売り上げ目標を出させておきながら、会社が赤字の業績予想を出すのはどういうことか」 

Како може да не терате нас франшизантите да плаќаме надоместок кога предвидувањата се дека Мекдоналдс ќе биде во црвено и во 2015?

 Јапонски бизнис блогер објаснува:

しかし、フランチャイズオーナーらは、
「いずれは支払わなければならない」、
「実際はただ借金を負っただけ」と言う…

…「客足を回復する起爆剤にはならない…」と
見るFCオーナーの存在も。全店舗の7割近くをFC店が占め、
販売の中心は完全にFC店に移っている現状では、
消費者のみならず、FCのオーナーたちの信頼も
取り戻す必要があるのではないでしょうか。

Работата е, дека, сопствениците на франшиза се натерани да се согласат за идните плаќања на надоместокот прифаќајќи ги сите обврски…

…Франшизантите согледуваат дека не е можно веднаш да се вратат сите потрошувачи кои го напуштиле Мекдоналдс во последните години. Франшизите сочинуваат 70 проценти од продавниците на Мекдоналдс во Јапонија, продажбата на Мекдоналдс во Јапонија зависи од сопствениците на франшизите. Луѓето кои го водат Мекдоналдс во Јапонија не треба да победат само во однос на потрошувачите, туку треба да победат и во однос на франшизантите.

Статијата во Никеи истакнува дека за франшизантите, разочарувањето е поголемо од намалувањето на профитите и заканата од неповолни плаќања за надоместоци:

なぜか。実はオーナーの中には元社員から独立した人が多く、日本マクドナルドの創業者である藤田田・元社長の「現場主義」に共感し、「マクドナルドに育てられた」という思いを強く抱いている。そのため、ここ数年の現場の実情と乖離した本社の施策が出てくるたびに、疑問を抱きながらも従わざるを得ないという苦渋を噛みしめていたようだ。

За време на истражувањето за оваа статија и разговорите со франшизантите, едно чувство беше очигледно присутно: сопствениците на франшиза чувствуваат силна поврзаност за Мекдоналдс во Јапонија, и се гордеат на нивната работа со компанијата

Една причина за ова е дека многу од франшизантите на Мекдоналдс започнале како вработени во Мекдоналдс и продолжиле со поседување и управување на нивни ресторани. Тие срдечно ја прифатија оригиналната основна филозофија на Мекдоналдс во Јапонија на „управување од дното кон врвот“, верувајќи дека Мекдоналдс е оној кој ги направи нив како претприемачи.

Како и да е, со секој инцидент во последните години кој покажува колку луѓето во канцелариите на Мекдоналдс Јапонија се оддалечуваат од секојдневната реалност на управување на Мекдоналдс ресторан, франшизантите мораат да ја проголтаат својата огорченост без жалење.

Благодарение на стареењето на популацијата, се повеќе тактички настроената конкуренција и малверзациите, Мекдоналдс, некогаш светилник на американската култура во Јапонија, се соочува со несигурна иднина во оваа земја.

Продавницата Чуо Ринкан на Мекдоналдс ќе се затвори на први април 2014, после 30 години на истата локација.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.