Овие наслови од весниците станаа премногу за многу читатели во Венецуела

Роберто Фидоне читајќи го Ултимас Нотисиас. CC 3.0.

Граѓанското движење во Венецуела оваа недела покажа како социјалните медиуми можат да одговорат на цензурата. Како одговор на насловната страница на венецуелскиот весник Ултимас Нотисиас (Најнови вести) од 12 јануари, корисниците на Твитер ја исмеваат објавата со хаштагот #TitulaComoUltimasNoticas („Правете наслови како Ултимас Нотисиас“), измислувајќи разни сатирични наслови. Хаштагот стана главна тема на Твитер за неколку часа.

Еден од најголемите весници во Венецуела, Ултимас Нотисиас беше меѓу многуте медиуми кои беа продадени на непознат купувач во октомври 2013. Оттогаш, читателите забележаа нагла промена во уредувањето на весникот, особено кога доаѓа до коментирање за владата. Всушност, неколку новинари дадоа оставки во протест, откако весникот ги цензурираше статиите кои се однесуваа на студентските протести во почетокот на 2014 и покачувањето на цените на храната и недостигот.

Сепак, насловот на предната страница на Ултимас Нотисиас од 12 јануари, „Турнејата на Мадуро беше успех“, беше оној кој ги активираше Твитер корисниците оваа недела. Посетата на претседателот Мадуро на неколку ОПЕК земји беше планирана да помогне за стабилизација на цената на нафтата, на која Венецуела очајно се потпира. Многумина во јавноста, гледајќи како цената на нафтата продолжува да опаѓа, тешко дека поверуваа во насловот на Ултимас Нотисиас

Интернет корисниците го користеа  #TitulaComoUltimasNoticas хаштагот и понудија нивни сопствени сатирични наслови. На пример, како може еден политички пристрасен весник да го објави фактот дека многу Венецуелци чекаат во долги редици за да купат храна?

Други се шегуваа за опаѓачката цена на суровата нафта и за ефектите врз венецуелското општество: 

Многу медиуми беа продадени, затворени, или кастрирани од претседателството на Хуго Чавез. Навистина, цензурата и притисокот се зголемија под водство на владата на Николас Мадуро. Сегашните реорганизации, вели аналитичар на Комитетот за заштина на новинарите, се дел од една долга кампања да се ослабат приватно поседуваните медиуми.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.