Полицијата во Хонг Конг ги закажува апсењата со активистите на Окупирај го Центарот

The Hong Kong police made arrest appointment with 4 members of student activist group, Scholarism on 16 of January 2015. Photo from inmediahk.net's Facebook page.

Полицијата во Хонг Конг ги закажа апсењата на четворица членови на студентската групи на активисти, “Scholarism” на 16 јануари 2015. Фотографија од Фејсбук страницата на inmediahk.net.

Повеќето од нас се навикнати да резервираат маси во ресторан. Како би изреагирале ако полицијата се обиде да го закаже вашето апсење? Ова можеби звучи смешно, но досега полицијата во Хонг Конг го направи токму тоа со нешто повеќе од 50 активисти по завршувањето на масовните мирни протести, наречени движење Окупирај го Центарот, серија протести барајќи вистинско, универзално право на глас од највисоките лидери во Хонг Конг.

Активистите беа уапсени под обвиненија за поттикнување и учество во нелегални собири помеѓу септември и декември минатата година. Иако беа пуштени на слобода по „закажувањата за апсење“, активистите веруваат дека апсењата имаат за цел создавање атмосфера на бел терор со што обичните граѓани би се обесхрабриле да учестуваат во наредни протести. Но, од полицијата ја бранеа нивната позиција дека тие само биле „цивилизирани“ во нивната акција.

Лам Шун Хин, студентски активист од „Scholarism“, го опиша на Фејсбук „цивилизираниот“ телефонски повик кој го добил од полициското „одделение за организиран криминал“ на 6 јануари (виа страницата на Scholarism):

「喂,林淳軒,我係有組織罪案 ……」
當我十點幾收到咁提神ge morning call
我就知可能要被直接拘捕了,結果係…
「我地懷疑你涉嫌召集及組織未經批准集結, 想請你下星期返去協助調查。」
「係咪會直接拘捕?」
「係。」

親愛的朋友請放心,衝入公民廣場當天我亦被捕了,心理上一早已有準備。公民抗命,無畏無懼。

我依然相信上帝教我們行公義,好憐憫。面對白色恐怖,我只能存謙卑的心與神同行。

„Здраво, Лам Шун Хин, јас сум одделението за организиран криминал…“
Повикот во 10 наутро ме разбуди и јас знаев дека најверојатно ќе бидам уапсен…
„Се сомневаме дека си бил вмешан во планирањето и организирањето на нелегален собир и би сакале да те поканиме да помогнеш на нашата истрагата наредната недела.“
„Дали ќе ме уапсите веднаш на тој ден?“
„Да.“
Драги пријатели, ве молам не грижете се. Кога истрчав на Граѓанскиот плоштад [кој се наоѓа пред седиштетот на владата на 27 септември, 2014, инцидент кој ги започна масовните протести], јас исто така бев уапсен. Психолошки се подготвив за ова. Бестрашен сум во прифаќање на последиците од граѓанската непослушност.
Верувам дека Бог не учи да бидеме праведни на земјата и да сочуствуваме со нашите блиски. Кога се соочувам со бел терор, јас ќе работам заедно со Бог и моето скромно срце.

Вонг Хои Минг, искусен активист кој е апсен повеќе пати во изминативе две години, објасни зошто полицијата ги апси на тој начин:

為甚麼警察這麼笨,明明不起訴,卻又讓他們「無條件釋放」,等下次正式拘捕又要重頭做一次程序呢?答案很簡單,因為警察以及律政司根本完全沒有準備好上庭的資料。哪為何不等到準備好才出擊大肆起訴拘捕呢?答案也很簡單,因為警務處處長曾偉雄在清場後曾聲言要在三個月內把佔領者「緝拿歸案」。
又捉又放,其實說到尾只是因為警務處處長的一句話,可以耀武揚威,向中共展示自己「高效率」。這樣看來,不論是被捕者,連警員都成為了政治工具,讓處長可以逞英雄。

Како одбраа да реагираат на така глупав начин. Тие не одлучиле дека ќе ги тужат и ги ослободија без никакви услови [активистите одбиваат да платат било каква кауција]. Со тоа, тие мораат повторно да ја започнат целата процедура на апсење доколку одлучат да продолжат со обвиненијата. Одговорот е едноставен. Полицијата и Министерството за правда не ги подготвиле потребните легални документи [за] судењето. Тогаш зошто не чекаат додека не ги соберат сите потребни документи пред да ги уапсат активистите? И овој одговор е исто така едноставен, бидејќи шефот на полицијата Енди Цанг јавно тврдеше дека ќе ги „уапси“ активистите во протестите со окупацијата најмногу три месеци по расчистувањето на демонстрациите.
Апсењата и пуштањето на слобода се во служба на јавната изјава на шефот на полицијата. Да се покаже дека авторитетот на полицијата е голем и за тој да покаже на Кинеската Комунистичка партија дека е  ‘ефективен’. Од тој агол, и полицајците и уапсените се претворија во политички алатки за создавање на херојската слика на шефот на полицијата.

Во секоја смисла, „цивилизираните“ апсења со закажување се полни со црн хумор, кој беше фатен во една вирална фотографија која циркулираше викендов. Фотографијата прикажува три антички фигури, најпознатите херои од периодот на Трите Кралства – Liu Beij, Guan Yu и Zhang Fei – како стојат пред влезот на Монг Кок полициската станица. Интересно, Guan Yu, кој ја претставува правдата, е бог обожуван од многу локални полицајци. Нетизените се шегуваа дека полицијата исто така ги закажала апсењата на овие три историски фигури.

Three ancient Chinese heroes standing outside Mong Kok Police Station. Netizens wondered if they also had appointment with the police. Photo from Mocking Jer's Facebook Page.

Тројца антички кинески херои стојат пред полициската станица Монг Кок. Нетизените се прашуваа дали и тие имаат закажано со полицијата. Фотографија од Фејсбук страницата на Мокинг Џер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.