Мистериозната смрт на аргентинскиот детектив го враќа во живот прашањето за бомбашкиот напад во 1994

Marcha por la muerte del fiscal Alberto Nisman.

Демонстрации поради смртта на обвинителот Алберто Нисман. Кинта де Оливос. Буенос Аирес. Сликата е превземена од Фликр профилот на JMalievi со лиценца од Криејтив комонс.

Алберто Нисман беше еден од аргентинските најпознати федерални обвинители. Повеќе од десет години, тој беше главен истражител на бомбашкиот напад во 1994 во кој бомба активирана во автомобил во еврејскиот центар на Буенос Аирес ги зема животите на 85 луѓе и повреди уште 300 – најстрашниот терористички напад во историјата на Аргентина. Што се однесува до истрагата за нападот, смртта на Нисман на 18 јануари 2015 ја остави Аргентина со повеќе прашања отколку одговори. 

Првата личност која ја пренесе веста за смртта на Нисман беше новинарот Дамјан Пачер, кој објави на Твитер:

Само што бев информиран за инцидент во домот на адвокатот Алберто Нисман.

Обвинителот Алберто Нисман беше најден во тоалетот во неговиот дом во Пуерто Мадеро опкружен од локва крв. Не дишеше. Докторите се на местото на несреќата. 

Пачер ја напушти Аргентина неколку дена подоцна, „плашејки се за сопствената безбедност“. Тој моментално престојува во Израел

Неочекуваната смрт на Нисман ги раздвижи луѓето низ светот, што е видливо на оваа Твитер мапа:

El impacto del hashtag #MuertedeNisman en todo el mundo quedó plasmado en esta visualización desarrollada mediante la herramienta CartoDB.

Глобалното влијание на хаштагот #MuertedeNisman е прикажана на оваа визуелизација направена со алатката CartoDB.

Нисман беше најден во неговиот дом во Буенос Аирес лежејќи покрај пиштол, неколку часа пред закажаната средба со Конгресот. Широко распространетите шпекулации на интернет корисниците за тоа дали смртта е убиство или самоубиство ја вмешаа и политиката во инцидентот:

@CFKArgentina: Смртта на обвинителот, веднаш откатко тој ja обвини претседателката, всушност е операција против владата. http://t.co/4nke9yfyRz

Аха да, сигурно е против владата. Но, убиството на Нисман воопшто не влијаеше на владата. 

Дали Berni лаже? Дали @CFKArgentina лаже или пак двајцата лажат? Кој му кажал на CFK? Кога пристигна судијата? http://t.co/PVYXSlNVQz

Според аргентинската полиција, Нисман, на возраст од 51 година, извршил самоубиство само неколку часа пред да треба да го презентира пред Конгресот случајот против претседателката Кристина Фернандез де Киршнер, која Нисман ја обвини за таен договор со Иран со кој се заштитуваат наводните сторители на нападот во 1994. 

Утрото на 18 јули, 1994, околу 300 килограми експлозиви беа детонирани пред зградата на Заедничкото здружение на Аргентинците и Израелците (Argentine Israelite Mutual Association). Локални и интернационални истражители подоцна утврдија дека ирански службеници поврзани со либанската група Хезбола најверојатно се организатори на нападот. 

Но, владата на Иран ги негира обвинувањата и одбива било каква соработка во истрагата, и покрај тоа што Обединетите Нации ја осудуваат нивната постапка.

Во 2013, Аргентина и Иран потпишаа договор наречен „Меморандум за разбирање”, што предизвика создавање на „Комисија на вистината“ со цел да се разјаснат настаните во 1994. Еврејската заедница на Аргентина не го подржуваше договорот и сметаше дека ќе биде неуспех поради недостатокот на интерес од страна на Техеран. Всушност, Евреите беа во право бидејки претседателот Махмуд Ахмадинежад никогаш не го ни поднесе меморандумот пред членовите на иранскиот парламент.

Мислењето на Нисман беше дека договорот бил потпишан за да се прикрие улогата на Иран во нападот и да се олесни трговијата на житарки и месо во замена на енергенси помеѓу двете земји.

Единствениот човек на кој му беше судено за бомбашкиот напад беше Карлос Теледин, кој го продал камионот – превозното средство на бомбашот самоубиец. Луѓето кои стојат позади нападот остануваат непознати.

За повеќе информации и детали за случајот, кликнете тука.  

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.