Рускиот интернет-омбудсман се залага за чување кориснички податоци во странство

Dmitry Marinichev. Photo by Vpetrov-71 on Wikimedia Commons.

Дмитри Мариничев. Фотографија на Vpetrov-71 на Wikimedia Commons.

Интернет омбудсманот Дмитри Мариничев напиша писмо до претседателот Владимир Путин, предлагајќи амандмани на новиот закон за задржување на податоци и сугерирајќи дека личните податоци на Русите би можеле да бидат чувани во странство со дозвола на корисниците.

Руската Агенција за правни информации (RAPSI) објави:

Мариничев предложи да се дозволи на онлајн компаниите од странство да чуваат лични податоци на руски корисници во држава која е потписник на конвенцијата на Советот на Европа за заштита на индивидуи од автоматско процесирање на лични податоци, според „Izvestia“.

Вкупно 46 држави ја ратификувале конвенцијата, меѓу кои и Русија, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Шпанија, како и пост-советски држави како Азербејџан, Ерменија, Грузија, Латвија, Литванија, Молдавија и Украина.

„Ние не сакаме да ги изгубиме глобалните онлајн сервиси, кои нема да можат да функционираат во Русија доколку не се измени законот. Јас предлагам амандманите да се дискутираат со експертската јавност“, вели Мариничев, цитиран во „Izvestia“.

Законот за задржување на податоци кој бара од социјалните мрежи и странските компании кои нудат услуги на интернет (како авионски билети и производи за широка потрошувачка) во Русија да ги чуваат личните податоци на руските корисници на сервери на територија на Руската федерација, ќе стапи на сила на 1 септември.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.