99% од Бермуда

Економскиот јаз во Бермуда се чини дека се проширува, како што забележува еден блогер што ја следи состојбата. Пред една недела, откако Телефонската компанија на Бермуда објави дека ја разгледува можноста за воведување на нови – и поскапи – супер-брзи широкопојасни интернет производи за домаќинствата и откако елитен ресторан лансираше „доживување на приватна вечера“ по цена од 1000 долари по особа, BeachLime.com забележа дека “поделеноста помеѓу богатите и обичниот човек останува на постојаното високо ниво.”

Во следен напис на почетокот на неделава, блогерот забележува дека „уште еднаш, посиромашните мораат да допринесат за државата“. Тој зборува за владината одлука да се зголемат цените на билетите за автобус и фериброд како напор за намалување на долгот на државата, велејќи дека тоа го има „непосакуваниот ефект на таргетирање на луѓето кои најмалку можат да издржат понатамошни „цепкања“ на нивните заштеди и заработувачка“:

Да, на прв поглед се чини дека не е значајно зголемување; пораст од 5 долари за книшка со 15 билети не е страшен потег, но кога доаѓаме до тоа кој треба да го плати тоа повеќе, размислете. Кој редовно се вози со автобус во Бермуда?

Според блогерот, зголемувањето на цените на билетите ќе има најголем ефект помеѓу студентите, повозрасните, инвалидите и работниците на минимална плата:

Луѓето кои се поверојатно способни да си дозволат мало „цепкање“ од нивните плати се оние кои е помалку веројатно да ги користат овие услуги!

Тажна ситуација. Во меѓувреме, политичарите продолжуваат со изнаоѓање начини на зголемување на непријатноста помеѓу граѓаните на Бермуда малку по малку, секојпат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.