Руски новинари, сега ве рангираат во реално време

"Mirror, mirror on the wall..." Oleg Kashin is one of Russia's fairest, most read journalists. Images edited by Kevin Rothrock.

„Огледалце, огледалце кој има најмногу кликови од сите?“ Олег Кашин (фотографијата горе) е еден од најчитаните новинари во Русија. Фотографија уредена од Кевин Ротрок.

Успехот во новинарската индустрија веќе не е мерен според големината на циркулацијата на весникот. Во денешниот онлајн свет, кликовите се кралот. Поради тоа, се пушти во употреба нов онлајн сервис кој ги рангира новинарите кои пишуваат на руски според количината на сообраќај кој го генерираат нивните написи на социјалните мрежи.

Позади овој нов проект е Герман Клименко, директорот и сопственикот на LiveInternet, онлајн портал кој нуди низа услуги, меѓу кои и аналитика за веб-сајтови и блогирање. Клименко објаснува:

Современные СМИ — это уже не жёстко регламентированный канал распространения информации, где роль журналиста минимальна, а власть главного редактора абсолютна. Сейчас это весьма свободная конструкция, в которой от журналиста зависит многое. Для современных владельцев изданий реальный и независимый взгляд на эффективность журналиста просто необходим.

Современите масовни медиуми веќе не се стриктно регулиран канал за дистрибуција на информации, каде улогата на новинарот е минимална, а моќта на главниот уредник апсолутна. Денес, масовните медиуми се многу лабава структура и многу работи зависат од самиот новинар. Прецизна и независна мерка за ефективноста на новинарот, едноставно, станува задолжителна за сопствениците на медиуми.

Новата алатка за рангирање новинари на Клименко е најновата алатка што треба да се додаде на неговиот сервис и модерен агрегатор на вести Mediametrics, кој служи како агрегатор на вести на руски јазик од целиот веб, рангирани според бројот на посети на разните социјални мрежи. Податоците за сообраќајот на социјалните мрежи се добива преку LiveInternet.

Mediametrics им овозможува на корисниците да истражуваат популарни вести од интернет на руски на низа интересни начини, вклучително и по клучни зборови. Агрегаторот на вести исто така може да биде ограничен и по временски период (во изминатиот час, ден, или недела, на пример), држава (на пример, Русија или Украина), област во Русија, или социјална мрежа (Твитер, Фејсбук, ВКонтакте, итн.). Друга функција овозможува следење на вести во кои се спомнуваат големите политички лидери.

Новата алатка за рангирање на новинари ги излистува сите написи од одреден новинар според количината на сообраќајот која истите ја генерираат од социјалните мрежи. Горенаведените филтри може да се вклучат, а кликот на името на некој од новинарите отвора листа од сите написи од тој новинар во одбраниот временски период, наредени по популарност. 

Mediametrics страницата со рангирање ги прикажува најпопуларните написи од новинари од Русија од минатата недела за сите социјални мрежи.

Како што Клименко напиша на Фејсбук, сепак, само некои медиуми во моментов ги означуваат написите на своите новинари на начин кој овозможува агрегација со новата алатка за рангирање. Неговиот Фејсбук пост објаснува како може да се додаде потребното означување, а ќе биде многу важно многу медиуми да учестуваат за да оваа алатка биде значајна.

Клименко вели дека тој исто така земал предвид вклучување на познати независни блогери во рангирањето на новинарите—додаток кој би овозможил оваа нова алатка да прикаже поцелосна слика од тоа кој навистина ги „вози“ вестите онлајн.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.