Жени со жив ѕид ги штитеа полицајците за да спречат насилство на мирниот протест

Female protesters forming human shield protecting the police from provocateurs, preventing escalation of violence. Photo: Meta.mk, used with permission.

Женски учеснички на протест со жив ѕид ја штитат полицијата од провокатори, спречувајќи ескалација на насилство. Фото: Meta.mk, објавено со дозвола.

Само еден ден откако полицијата насилно ги растури демонстрациите во Македонија со пендреци и водени топови, група жени учеснички на протестите со човечки штит ги заштити полицајците од провокатори кои на нив фрлаа стаклени шишиња.

Жените учествуваа на вториот ден на протестите во Скопје со кои се бараше правда по објавувањето на снимени разговори кои покажуваат како високи државни функционери во 2011 година се обидуваат да го прикријат убиството на Мартин Нешковски од страна на припадник на полицијата.

Протестите започнаа ги започнаа неколку илјади луѓе претходниот ден, а на 6 мај, бројот се зголеми на 10-15 илјади, кои маршираа по улиците на Скопје. Движењето се прошири во Битола и Прилеп. Владата не го повтори покажувањето сила од првиот ден, па протестите беа мирни и ненасилни, како што и беа најавени.

Арно ама во Скопје по неколку часа, како што народот почна да се разотидува, сè повеќе учесници почнаа да предупредуваат на присуство на провокатори. Група „навивачи“ со качулки и маски почна да се собира и да фрла разни предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон кој ја одвојуваше од масата која стоеше или седеше на улицата, тревниците и во оближниот пар „Жена борец“.

Новинаската агенција МЕТА.мк извести:

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно.

На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата.

Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат.

Дел од присутните го собираа отпадот и пластичните шишиња од тревата и од коловозот, но имаше и такви кои и покрај тоа што сообраќајницата беше пуштена, не им дозволуваа на возилата да поминат.

Поголемиот дел од специјалците и возилата на полицијата си заминаа.

Врз објектот на Собранието завршија неколку шишиња и јајца, но немаше посериозно повредени ниту полицајци ниту, пак, демонстранти.

Демонстрантите ги повикаа граѓаните и утре во 18 часот да им се придружат на мирен протест, но локацијата сè уште не е точно утврдена.

Новинарот Владо Апостолов (@apostolov80) објави видео-клип од настанот.

Со месеци, лидерот на опозицијата Заев објавува аудио снимки, со кои навидум се потврдуваат сомневањата дека врвни владини функционери се вмешани во разни видови криминал, како местење изборинелегално прислушување и прикривање докази во истрагата за смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски.

Нешковски беше смртно претепан во 2011 година од полицаец во тек на прославата на изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото убивање тогаш предизвика масовни протести, по што полицаецот беше уапсен и осуден на 14 години затвор.

Следејќи ја традицијата започната со тие протести против полициската бруталност, учесниците имаат решено да се собираат секој ден во 18 часот („секој ден во шест!“) сè додека не се исполнат нивните барања сите функционери кои се соучесници во прикривањето да дадат оставки и да се подложат на кривична истрага. На 6 мај, полицијата ги блокираше улиците околу зградата на Владата, каде што требаше да се одржи собирот. Затоа масата народ се сврте и отиде да протестира пред Собранието. Неколку дузини од нив сепак останаа да седат на блокираните улици и да ги пренасочуваат оние кои доаѓаа подоцна. Некои сметаат дека со блокадата, Владата го има прекршено член 21 од Уставот на Република Македонија:

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола.
Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.

Додека на протестот на 5 мај 2015 година учествуваа околу 5.000 лица, на вториот се проценува дека имаше два до три пати повеќе. Братот на Мартин Нешковски, Александар, кој се обрати на масата, рече дека има околу 15.000 луѓе.

Peaceful protest demanding responsibility for cover up of murder of Martin Neshkovski in Skopje. Photo: Vancho Dzambaski, CC BY-NC-SA.

Мирен протест со кој се бара одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски во Скопје. Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY-NC-SA.

Пред протестите, активистите кои го користеа хаштагот #протестирам за координација ги предупредија учесниците овој пат да не ги носат со себе децата, за да се избегне нивно повредување во случај Владата да нареди нови насилни репресивни мерки.

По демонстрацијата, твитерџиите брзо ја идентификуваа девојката што го иницираше живиот ѕид како една од нив. @Momichet0 потоа одговори со следното објаснување:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.