Иран го зголемува интернет надзорот во пресрет на парламентарните избори

Deputy Interior Minister Hossein Zolfaghari announced that a "Security Committee" to monitor election-related activities would be created earlier than expected. Photo by IRNA, and published with permission to reuse.

Заменик-министерот за внатрешни работи Хосеин Золфагари изјави дека ќе се основа „Комитет за безбедност“ со цел мониторирање на активности поврзани со изборите, порано од предвиденото. Фотографија на IRNA, објавена со дозвола за повторна употреба.

Овој напис првично е објавен страницата Dar Sahn на Арсех Севом.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Иран изјави дека полицијата и министерството ќе го мониторираат интернетот и социјалните медиуми за активности поврзани со следните изборите во државата.

На прес-конференција во Техеран во неделата на 1 јуни, 2015, заменик-министерот за внатрешни работи Хосеин Золфагари изјави дека, порано од предвиденото, ќе се основа „Комитет за безбедност“ со цел мониторирање на активности поврзани со изборите. „Комитетот за безбедност ќе се состои од претставници од полицијата, револуционерната гарда, армијата, и државните радио и телевизиски станици.” Золфагари исто така додаде дека комитети слични на овој ќе се основаат низ цел Иран.

Со оглед на чувствителната состојба со западните граници на Иран и со движењата на терористичките групи како ИСИС во регионот, следните ирански избори ќе се одржат во атмосфера на безбедност.

Заменик-министерот за внатрешни работи ги информираше медиумите на персиски јазик дека ќе бидат поставени 60,000 избирачки места за избор на пратеници и членови на Собранието на експерти и 300,000 ќе работат со владата во овој процес.

Се поголемиот број на корисници на социјалните медиуми во Иран во комбинација со брза циркулација на информации сериозно ги загрижија иранските власти. Како дополнение на следењето на онлајн извори, комитетот за безбедност ќе создаде и „безбедносна мапа“ за да ги идентификува чувствителните подрачја за престојните избори.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.