Божиќ во Ерменија, Грузија… и на Твитер

За разлика од западно-европските земји кои го прославија Божиќ на 25-ти декември, други земји го прославија Божиќ  во текот на оваа недела. Во Ерменија, ова прерасна  дури  и во најинтересна тема на Твитер благодарение на Ким Кардашиан, џет сетерка со американско-ерменско потекло  која објавуваше новости на Твитер, а тоа го читаа нејзините  5.796.422 симпатизери.

Вечер е Божиќ во Ерменија! Среќен Божиќ!

Благодарение на симпатизерите на Кардашиан на Твитер, кои го споделија истиот линк на нивните профили и на сите оние кои ја споделија веста од симпатизерите на Кардашиан, информацијата за славењето на Божиќ во Ерменија на 6 јануари почна да се шири како вирусна инфекција.

Божиќот во Ерменија стана интересна тема благодарение на статусите на Кардашиан? Овие девојки имаат силно влијание. Утре и славењето на Божиќ во Ерменија ќе биде тренд.

Но, во тоа и се успеа.

Леле, неверојатно! @RobKardashian Ерменскиот Божиќ стана најинтересна тема! Одлично!

Сепак, како резултат на некои бесни одговори, американскиот комичар Дејв Чапел не беше баш сигурен дали овој празник е реална работа.

Среќен Божиќ во Ерменија! ОК. Вам ви беше редот да креирате празник.

@davechappelle немаш поим од ништо! Ова е денот кога верниците на ерменската црква го слават Божиќ. Вака е веќе 1700 години.

Се разбира, не беа само симпатизерите на Кардашиан кои ја објавуваа веста на Твитер. Корисниците на Фејсбук исто така постојано праќаа пораки и слики или пишуваа статуси за ерменскиот Божиќ.

6-ти јануари е денот кога се слави Божиќ во Ерменија………soooo Շնորհավոր Սուրբ Ծնունդ..”Shnorhavor Surb Tsnund” ….(Среќен Божиќ на ерменски)! =)

Среќен Божиќ на сите верници во Ерменија!

Среќен (Ерменски) Божиќ од Јереван (Ерменија)!

Земјата сосед, Грузија, како и неколку други земји го прославија Божиќ наредниот ден на 7-ми Јануари.

СРЕЌЕН БОЖИЌ на сите верници од Србија, Грузија, Украина, Македонија, Црна Гора, Грција и Ерусалим! Христос се роди!

Среќен Божиќ на сите луѓе од Грузија!

Моите пријатели од Грузија денес слават Божиќ. Нека им е честит Божиќ! #itsasmallinteterestingworld

Според Јулијанскиот календар, денес во Грузија се слави Божиќ. СРЕЌЕН БОЖИЌ! Нека се остварат најголем дел од вашите сништа!

Во мојот случај, Божиќ не помина во традиционални рамки и покрај тоа што бев во Ерменија.

Па, минатата вечер беше неверојатна. Налетав на грузиски метал бенд во Рок бар во Јереван. Грузиски Божиќ и музика од Слејр… 🙂

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.