Русија: Блогерите се сеќаваат на рок легендата

Ilya Kormiltsev's LJ-avatar

Аватар на Илја Кормилтсев

На 4 февруари 2010, руските блогери го одбележаа тажниот ден. Илја Кормилтсев, еден од најталентираните и контроверзни руски поети и текстописци, пред три години умре од рак на ‘рбетот. Во 2007, смртта на Кормилтсев стана прва и популарна смрт, дискутирана на рускиот интернет (RuNet).

Блогерите се сеќаваа на него со години наназад постирајќи и ре- постирајќи ги неговите поеми и песни, восхитувајќи му се на неговиот талент како и неконфортмизмот, почитувајќи ја неговата желба за слобода на изразувањето и активна цивилна позиција.

Успешната приказна на Кормилтсев почнаво 80-тите години во градот Свердловск (денешен Екатеринбург). Кормитсев стана познат работејќи како текстописец за бендот „Nautilus Pompilius“, легендарен бенд за време на перестројка и подоцна во пост-советскиот период.

Песните на Кормилтсев беa насочени против комунистичкиот режим, иако неговиот критицизам беше обвиен во софистицирана поетска форма и поминува незабележано за време на ерата на советската цензура. Во 1999, радиото „Наше“ објави ранг листа на „Топ 100 најдобри руски рок песни на векот“ во која седум од 100 песни беа напишани од Кормитсев.

Во 2000 Кормилтсев ја напушта својата кариера како текстописец и основа издавачка куќа „Ултра.Култура“. Како професионален интерпретатор, тој преведува и издава дела на најконтроверзните автори на современото време (руски и странски): Вилијам Бароуз , Ернесто Че Гевара, Вилијам Гибсон, Хју П. Њутон и други. Книгите на „Ултра.Култура“ покриваат радикални теми како дрога, порнографија, радикални прашања, криминал и сл.

Во ноември 2006, за време на патувањето во Лондон, Кормилтсев почнува да се чувствува лошо. На неговиот последен блог пост пишува:

ЛИЧНАЯ ПРОСЬБА. Никто не едет в Лондон на днях? Надо отвести лекарства. Мне.

Лично барање. Дали има некој кој оди за Лондон деновиве? Потребни се лекарства. За мене.

Неколку месеци подоцна, во јануари 2007, дијагностициран му е рак на ‘рбетот. Било премногу доцна за Кормитсев. Неговиот пријател, музички критичар Борис Барабанов, напиша дека Кормилтсев страда не само од неговата болест туку и од отсуството на Интернет и способноста да напише „нешто важно“ на неговите читатели. Последниот пост на Кормилтсев има 1.720 коментари. Очајни да најдат информации за нивниот идол, обожавателите оставаа пораки на жалење и тага во делот за коментари. Некои луѓе поставуваа прашања за неговите песни и поеми, притискајќи ја последната шанса да ја слушнат интерпретацијата на авторот.

Весникот „Комерсант“ изјави дека смртта на Кормилтсев станала еден од најдискутираните настани во блогосферата.

Моментално, профилот на Кормилтсев на LiveJournal има статус „Memory Journal”. Понатамошно коментирање е затворено, но содржината на дневникот е отворена за сите. Последниот пост на неговиот дневник беше напишан од неговиот пријател и беа повторени последните зборови на Кормитсев:

Был потрясен тем, что я вам так дорог, и что вы прониклись таким участием к моей судьбе. Огромное спасибо за поддержку. Постараюсь ответить всем лично.

Бев шокиран што толку ме ценевте што дури бевте со мене во мојата верба. Ви благодарам за поддршката. Ќе се обидам да ви одговорам лично на секој од вас.

Но, никогаш не го направи тоа. Три години после смртта на Кормилтсев, блогерите ги пострираа неговите портрети, извадоци од омилените поеми од него и интервјуа од него.

Блогерот A.Monach напиша:

для меня всегда было загадкой, как так человек может зацепить сотни мозгов и заставить петь миллионы свои песни, при этом почти вообще не используя рифмоплетения. Одинаково жестко с его уст слетала “социалка”, “политинформационное творчество”, любовь – смерть, которые всегда ходили в его произведениях рядом, разврат и боль, божественное и дьявольское и тд…

Секогаш ми било загатка како една личност може да насочи толку многу глави и да направи милиони да ги пеат неговите песни без употреба на ниедно софистицирано правење на рима. Исто толку тешко пишува за социјалните прашања, „политички ангажираната уметност“, љубов и смрт, кои во неговата работа се многу блиски една до друга, страст и болка, божественото и демонското и сл.

Regul_leia напиша:

Говорят, художник чувствует нить времени тоньше, чем все остальные и предугадывает ее. А поэт – как родитель над колыбелью малыша – нашептывает песню, по которой новый человек учится говорить и понимать мир.

Велат, уметникот ја чувствува жарта на времето по деликатно од другите и ја предвидува. Поетот како родител над лулката на своето дете ја шепоти песната со којa кажуваме на новиот човек како да зборува и како да го сфати светот.

All_decoded коментира на постот на regul_leia:

Но если Вам нравится Кормильцев (а это нормально !) Вы начинаете диссидентствовать по отношению к сегодняшней власти

Но, ако вам ви се допаѓа Кормилтсев (што е ОК!) вие станувате дисидент кон денешната моќ.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.