Турција: Можат ли да се обноват турско-израелските односи?

Паралелно со случувањата на бродот „Флотила за слобода на Газа“, предводен од турска стана, светот беше сведок за влошувањето на политичките односи на владите на Турција и Израел. Во Турција е присутно силно нетрпение кон израелската влада, а активистите кои се вратија беа дочекани од страна на функционерите како херои. Како што ги евалуираме последиците од овие настани во Турција, мора да го поставиме прашањето: можат ли да се обноват турско-израелските односи?

Проширување на турската надворешна политика

Во Истанбул се спалуваа израелски знамиња, десетици илјади израелски туристи ги откажаа нивните аранжмани за одмор во Турција, а еден адвокат дури и се обиде да турне израелски велосипедист од неговиот велосипед, со влошувањето на односите на некогашните сојузници, кое не е видено со децении.

пишува James in Turkey. Турското јавно сочувство и поддршка кон луѓето во Газа е големо во моментов како што забележа хонорарната новинарка Фредерике Геердинк во својот твит:

продавач на знамиња #ускудар продаваше само турски знамиња со или без ликот на ататурк. Тој сега продава и палестински знамиња.#Турција

Важно е да се каже дека Флотилата за слобода на Газа не беше финансирана од турската влада, а нападот на флотилата стана проблем со национална важност. Istanbul Calling ја објаснува оваа врска помеѓу флотилата предводена од граѓани и нејзиниот ефект врз турската надворешна политика:

Очигледно, овој јаз меѓу Турција и Израел долго се очекуваше. Како што напишав претходно, во последните неколку години, Турција ги фиксира односите со Израел со случувањата на палестинскиот фронт (или, поспецифично, на фронтот во Газа). Иако, технички гледано, не се работи за билатерален спор помеѓу две држави, ситуацијата во Газа, на многу начини станува прашање што ги дефинира актуелните односи помеѓу Израел и Турција. Така, иако флотилата со помош за Газа беше организирана од страна на турска НВО (исламистичката ИХХ) и не беше финансирана од страна на турската влада, послужи како застапник на турската политика.

Впрочем, многумина турски блогери и твитерџии побараа од турската влада физички да интервенира со испраќање на турската флота за да се заштити флотилата, како во овој твит на  Talk Turkey:

Зошто Турција не ја испраќа турската флота да ги заштити останатите бродови кои патуваат кон Газа во моментов…

Преиспитување на намерите

Има многу реакции во однос на забележителниот недостаток на оправдување на израелскиот напад врз бродот. Според  Istanbullian:

Нема оправдување за употребата на огнено оружје против нив. Особено во меѓународни води… Исправени пред ножеви и чатали не е оправдување за пукање врз цивили, дури и убивање на заспани луѓе. Израелските сили требаше да чекаат се додека бродовите не навлезат во водите на Газа. Тогаш, требаше да ги принудат бродовите да се вратат без да се качуваат на нив. Тоа што го направи Израел е дефинитивно против меѓународното право и Турција лесно може да го добие случајот на меѓународните судови.

Idilx го забележува ова на Твитер:

Па, тогаш претпоставувам #Израел направи преседан овде. Ние не смееме да пукаме нешто што мислиме дека е шверц на оружје.#брод

Таа додава:

Oooo возило за сладолед… БАМ, БАМ. Oooo четиригодишник со испакнати џебови…МОРА ДА ИМА ПИШТОЛ…бам! Иџитс. #Газа #Брод #Израел

Некои твитерџии прашуваа за реакциите (и можните идни реакции) на турската влада во врска со бродскиот инцидент, од Talk Turkey:

Турција да му објави војна на Израел? Не е многу далеку од тоа…Сево ова е дел од едно поголемо ‘сценарио’

И ова од fgreerdink:

Турски пријател: „ердоган го приреди сево ова прашање со #флотилата за повторно зголемување на неговата популарност“ толку е сериозен #теоријаназаговор #турција

Во секој случај, влошувањето на односите отвора прашања поврзани со сигурноста, од Idilx:

Дали #Турција станува опасно место за еврејските Турци? Изгледа дека расистите се присутни насекаде, а нивниот идиотизам е бескраен. Толку лесно разгорени.

Времето ќе покаже што ќе се случи помеѓу Турција и Израел.  Последните зборови во овој пост се на блогерот и колумнист  The White Path, објаснувајќи ги разликите помеѓу турската  и израелската филозофија:

Пред неколку години, кога му го поставив ова прашање на еден израелски продавач, добив многу значаен одговор: „Сила Бога не моли“ рече тој. Па, тоа можеби е актуелно верување во Тел Авив и окупираниот Ерусалим, но не и овде во Истанбул. Впрочем, нашето верување вели дека точно е токму спротивното. Сила, порано или подоцна, Бога не моли.
Стотиците херои кои минатиот викенд отпловија за Газа во нивните срца веруваа во ова. Овде во Турција, уште 70 милиони стојат зад нив. Жалиме за загинатите, но и знаеме дека тие не загинаа залудно. Нивната жртва му го откри на светот не само страдањето на невините во гетото во Газа, туку и бруталноста на гневната држава која го наметна истото. Со други зборови, овој дух нема да умре. Ние, Турците, ќе продолжиме да се залагаме за она што е правилно, без оглед на силата на Израел. Ниту неговото лобирање, заплашување или убивање нема да го промени тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.