Гватемала: Вулканот Пакаја предизвика состојба на национална катастрофа

CC BY Teufelgt

Сликано од Teufelgt

Гватемалските региони се во состојба на природна катастрофа, како што прогласи претседателот Колом, откако вулканот Пакаја, оддалечен 50-тина километри јужно од Гватемала Сити, ја зголеми својата активност. (Сите линкови до статии се на шпански, освен ако не е назначено поинаку)

Вчера, по слаб земјотрес, вулканот Пакаја(анг). ја зголеми својата активност, а згора на се, тропска бура предизвика опасна мешавина од вода, пепел и камења. Денес, ситуацијата е многу посериозна откако двата слаби земјотреси, тропската бура и еруптирачкиот вулкан удрија врз населението. Повеќе од 30 сообраќајни незгоди биле предизвикани од пепелта, слабата видливост и дождот, тројца се водат како исчезнати, а едно лице е пријавено мртво: телото на Анибал Арсила, кој бил погоден во глава од паѓачкиот вулкански смет додека известувал за експлозијата. Бил пронајден додека нетизените се вклучувале на онлајн каналите. 20-мина други се повредени, а градови се евакуираат.

Се водат дискусии низ блогови, Твитер, identi.ca (користејќи го хаштагот #Pacaya), па дури и на форум за рок музика. Пепелта која паѓа од небото не е невообичаена слика за Гватемала, но ова е прв пат за Гватемала Сити. Аеродромот беше затворен до 31-ви (мај), поради каменетата кал на пистите и пепелта во воздухот. Глетката ги потсети луѓето на вулканскиот облак предизвикан од исландскиот вулкан Ејафјалаекул, кој го попречи авионскиот сообраќај минатиот месец.

Вулканот Пакаја е популарно туристичко место (анг.), каде луѓето одат покрај теченија на лава, печат маршмелоу и пешачат низ околината. Па како изгледа зголемената активност? Vivo en Guatemala известува:

Actualmente se producen explosiones cada segundo y alcanzan hasta 500 metros de altura sobre el cráter. Las columnas de ceniza llegan hasta 1 mil 500 metros de altura y se dispersan hacia el Oeste y Sur-Oeste sobre las aldeas El Rodeo y El Patrocinio. También se reporta caída de ceniza en Amatitán, San Francisco de Sales, Calderas, Los Pocitos y San Vicente Pacaya.

Во моментов, секоја секунда се случуваат експлозии кои достигнуваат и до 500 метри над површината на кратерот. Пепелните столбови достигнуваат 1500 метри височина и се распрснуваат кон запад и југозапад над селата Ел Родео и Ел Патрочинио. Акумулирање на пепел е пријавено исто така од Аматитан, Сан Франциско во Салес, Лос Покитос и Сан Виченте Пакаја.

Гватемалскиот пожарникарски одред на нивниот блог извести дека многу густо населени предградија, вклучувајќи ги и Аматитлан, Вила Нуева и Сан Мигел Петапа се сериозно погодени од песокот. Блогерот Chitiore постави слики од црниот песок кој паѓаше од небото, како и видеа и корисни линкови за да останете информирани за ситуацијата.

Сè до вчера, пепелта која паѓаше низ целиот град беше сметана како интересен настан, иако ништо ново за Гватемала, како што може да се види на следното видео, на кое млад човек стои надвор додека сува пепел удира на покривите и другите површини.

Во следното видео, Теси Каспин на мирен начин ја прикажува пепелта која паѓа во нејзиниот двор и покрива сè со црна, јагленосана кал. Во некои места во градот, калта достигна длабочина од 6-7 сантиметри и беше причинител на сообраќајни незгоди.

Можете да го следите развитокот на настаните преку онлајн видео сервисот на овој гватемалски канал за вести. Исто така и CONRED (Гватемалската национална комисија за спречување катастрофи) континуирано ја ажурира својата Фејсбук страница и профилот на Твитер со информации, како и мапа со погодените населби.

Рената Авила помогна со содржина за овој пост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.