Јужна Африка: Химната на ФИФА Светското првенство подгрева интересни размислувања

По правило секој голем натпревар, особено Светското првенство во фудбал си има своја претставничка песна. Овој пат за Светското првенство 2010, песната излезе месец дена пред настанот.  Песната ја исполнува светско познатата латино пејачка Шакира заедно со јужно-африканската група Фрешли Граунд.

Блогот за Светското првенство во фудбал нема ништо против Шакира, но зошто токму Колумбијка да ја исполнува оваа нумера?

Шакира придружена од Фрешли Граунд – Уака, уака (Овојпат за Африка) Извор: Химна на светското првенство во фудбал-ФИФА 2010

“…Немам ништо против Шакира. Но, не ли ви се чини чудно тоа што претставничката песна за Светското првенство во Јужна Африка е испеана од згодна Колумбијка? Вистина, таа е придружувана од јужно-африканската група Фрешли Граунд, но поголемиот акцент е ставен на Шакира.”

Блогот продолжува и дава кратка историја за оригиналот на песната Зангалеуа, испеана од група која претходно била позната под името Голден Саундс, а сега се водат под исто име како и насловот на песната која ги направи славни насекаде во континентот.

Очигледно е дека песната не се вклопува со настанот:

Единствен проблем е привлечниот дел – рефренот – којшто е позајмен од популарната песна ‘Зангалеуа’ од камерунската група првобитно позната под името Голден Саундс (кои подоцна го сменија името во Зангалеуа поради популарноста на песната). Групата беше првично формирана од поранешни воени лица од Камерун, кои биле наклонети кон маскирањето и глупирањето. Очигледно е дека текстот на песната е на камеруншки-фанг дијалект, а главниот рефрен ‘зангалеуа’, се преведува како ‘кој те прати?’ којшто барем малку се вклопува во целиот настан.

Некои објаснувања доаѓаат од латино блогот за музикаGuanabee.

Песната, според упатените во музиката, ги критикува афро-американските воени лица кои биле во лигата заедно со белците со што ја потиснувале својата раса или барем дел од нив. Колку што можеме да претпоставиме сето тоа е бесмислица.

Кени Наија, блогер од Нигерија, ја претставува полемиката на песната која ги преплавува радио-станиците во Јужна Африка:

Песната ги преплави радио-станиците уште минатата недела, на јоханесбуршките локали на кои имаше коментари од типот “Ужасна е” и “Како ќе ли ќе го испее Шакира делот од песната кој е на африкански?” (Јас би рекол со својот глас, но и Speak and Spell не би бил лош избор). Колумбијската пејачка соработуваше со јужно-африканската група Фрешли Граунд за заедничко исполнување на хитот, која е позајмена од камерунската песна “Зангалеуа”. Но, фактот што химната за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка не е исполнета од јужно-американец е тема на критика за критичарите кои не се непријателски настроени само кон новата песна.

Мартин Маерс, блогер, ДЏ и новинар, дискутира за соопштувањата на ФИФА и Сони во врска со песната и спотот:

ФИФА и Сони денеска објавија дека “уака, уака” (Овојпат за Африка), напишана и произведена од светската супер ѕвезда Шакира, беше одбрана за химна за ФИФА Светското првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка. Песната ќе биде изведена од Шакира придружена од јужно-африканската група Фрешли Граунд на затворањето на церемонијата пред крајниот меч кој ќе се оддржи на 11 јули на градскиот фудбалски стадион во Јоханесбург. Сите парични средства од песната ќе потпомогнат за официјалната кампања на ФИФА за светското првенство во фудбал 2010.

Тој исто така се придржува до мислите на Сеп Блатер во врска со песната како и до коментарите на Шакира за тоа каква чест е да се биде избран за исполнување на химната:

“Претставничката песна е поочекувана дури и од логото и од маскотата. Таа претставува дел од идентитетот на најпознатиот светски спортски настан. Песната е персонификација од африкански ритам и идентитет и го претставува местото каде ќе се одржи настанот. Едвај чекам да ја слушнам песната за време на натпреварот и да видам како ќе биде изведена од Шакира и Фрешли Граунд на финалето”-Жозеф С. Блатер, претседател на ФИФА”
“‘Чест ми е што “Уака, уака” (овојпат за Африкa) беше избрана да биде дел од возбудата и наследството на  светското првенство во фудбал ФИФА 2010,’изјави Шакира. ‘ФИФА светското првенство претставува огромна светска возбудливост, која ги поврзува сите држави, раси, религии и услови во врска со оваа пасија. Претставува еден настан кој има сила да поврзе и интегрира, а за тоа се работи и во песната.’ продолжува Шакира, ‘Африканската музика е многу инспиративна и е на пат да ја заплени светската поп културна сцена. Бев горда што ја имав шансата да соработувам со една од најпрогласените јужно-африкански групи, Фрешли Граунд.’ Песната беше ко-произведена од честиот соработник на Шакира, Џон Хил.

Браун Шуга од “Едноставно љубопитни”, блог за забава, вели дека му се допаѓа песната меѓутоа чуден му е спотот:

Ми требаше да ја слушнам 3-4 пати за да одлучам дека ми се допаѓа…ја обожавам песната, но ако ова е официјалниот спот тогаш имам проблем… каде ми се момците?

Тој не води низ историјата на песната:

“Замина” или “Зангалеуа” е хит од 1986-та, најпрво испеана од камерунската група, во тоа време наречена Голден Саундс, кои беа обожавани низ целиот континент поради нивното идиотско играње и костими. Песната беше толку голем хит за Голден Саундс што тие дури и си го сменија името во Зангалеуа, исто како насловот на песната. Песната е во почит на skirmishers (a.k.a tirailleurs) за време на втората светска војна. Повеќето од членовите на групата биле во камерунската војска и тие ги користат шминката, божемскиот стомак и задник како потсмев. Песната и ден денес се користи од војниците, полицајците, извидниците, спортистите и нивните поддржувачи, најчесто за време ан тренинзи или трки. Исто така, песната е користена во училиштата насекаде во континентот како песна за парада и речиси сите жители на државата го знаат рефренот на памет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.