Јужна Африка: Дебатата околу вувузелата на Светското првенство

Можеби досега на Светското првенство 2010 карактеристична глетка беа новите светкави стадиуми или разнобојните костуми носени од фановите на сите 32 нации кои учествуваат. Но несомнено, карактеристичен звук на турнирите беше зуењето на вувузелата, што го слушаат навивачите на мечевите, како и тие што следат преку ТВ екраните. Овој карактеристичен звук отвори дебата околу тоа дали вувузелата придонесува или го нарушува доживувањето на Светското првенство.

За локалните јужноафрикански фанови на фудбалот, вувузелата е вообичаен дел од следењето на натпреварите и се чудат зошто се крева прашина околу тоа. Како и да е, за меѓународните посетители и гледачи звукот на овој пластичен инструмент сепак е новост.

Слика од вувузелата во Сокер сити од alvez, користена под Криејтив комонс лиценца

Оваа дебата трае од 2009 ФИФА Купот на Конфедерации, што се одржа во Јужноафриканската Република и најверојатно беше првото среќавање со овој звук на голем број фанови на фудбалот во светот. Некои фанови побараа да се забрани вувузелата на натпреварите бидејќи го нарушува уживањето во натпреварот. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер, целосно ја подржа употребата на вувузелата на Светското првенство 2010. Тој изјави, „не треба да се обидуваме да го европеизираме Африканското Светско првенство.“

Сега, само неколку дена од започнувањето на СП, стана главна тема на интернет меѓу тие кои се жалат , како и тие кои го бранат инструментот и дури и тие кои ги критикуваат оние кои негодуваат поради вувузелата. Иако постојат одредени известувања дека ФИФА можеби ќе ја ограничи употребата на вувузелата поради жалби од телевизиите, многумина мислат дека таа ќе продолжи да се користи.

Сириски корисник на Твитер, Анас Ктиеш го споредува звукот на вувузелата со звукот на рој инсекти и напиша, „треба да се испрска на стадиумот, ситуацијата со пчелите излегува од контрола“. Неколку Твитер профили се појавија со цел да поттикнат повеќе поплаки за вувузелата: @stopvuvuzela, @vuvuneela и @vuvunee.

Други пак ја бранат традицијата на фудбалот во Јужна Африка. Мишел Сибанда (@pinkminx36) пишува:

Вувузелата е дел од наследството на нашата земја…па НЕ, нема да престанеме да дуваме, а вие можете да се жалите колку што сакате!!!

Критиките за зуечкиот звук на вувузелата за некои фанови се хумористични, тие ги истакнаа нивните жалби. Даниело Ридерс (@onekind) изјави:

Западниот свет ја открива Африка, открива дека е гласна, нехармонична, супериорна и се повлекува на Твитер за да се жали за #вувузелата

За крај, Карабо Хери (@kayrabH) дава предлог:

Доколку звукот на vувузелата ве иритира ставете си тампони за уши и жалете се за поважни работи како неписменоста и сиромаштијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.