Египет: Запознавање на Мистер Египет

26 годишниот Тарек Мохамед Нагиуб Абдел Гавад е избран за Мистер Египет 2010. Тој исто така беше кандидат на свечениот избор на Египет за Мистер на светот 2010, кој беше неодамна одржан во Инхеон, Кореја.

Според Universal Queen:

Амбицијата на Тарек е да направи кариера во модата. Негови хобија се фудбалот, одбојката и сликањето. Неговото мото е „Што било поминало”.

Зеинобиа вели дека младото момче изгледа „глупаво” и не го претставува Египет:

Нема да кажам ништо освен дека ова младо момче изгледа глупаво, навистина глупаво. Секако дека не можам да очекувам висока интелигенција од личност која прифаќа да учествува на вакви избори.

Ова видео кружи во египетскиот Фејсбук универзум, каде многу луѓе коментирале на вообичаениот египетски хомофобичен начин.

Кој е всушност човеков ?? и зошто ништо не слушнавме за Мистер Египет 2010 од медиумите!!?? Знам дека после контроверзијата на Мис Египет 2007, господин Ел-Сибхај исчезна, па се прашувам како го организирал настанот Мистер Египет и привлекол учесници како шампионов горе!!??

На Egypt Search Forum, беше постирано друго видео од Тарек каде тој ја пее Get Down (Спушти се).

Коментарите на форумот се од типот:

Мистер Египет – хмммм – воопшто не е лош.

Се надевам дека најдоброто го има внатре во себе!

до:

Дали е тоа Мистер Египет 2010 …срам за нас египетските мажи, изгледа Wasta [фаворизацијата] е насекаде, дури и во тој лажен натпревар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.