Европа: Видео-натпревар за повеќејазичноста

Логото на Полиглот

Доколку живееш во Европа, имаш 18-35 години и зборуваш повеќе од еден јазик, тогаш испрати на натпреварот кратко он-лајн видео за повеќејазичноста, за да добиеш место во снимањето на еден патувачки филмски настан кој ќе се одвива во архипелагот Турку во Финска. 

Осумнаесет победници ќе имаат можност да учествуваат во проектот  ПОЛИГЛОТ – на пат за Турку,  патувачка филмска работилница на „Кино-Брод“ во Турку и на Оландските острови во Финска, со времетраење од 2 недели во текот на  месец јуни 2011 и со целосно платени трошоци.

Оваа активност е организирана од NISI MASA и на веб-страницата на натпреварот , каде се објаснува за  два вида на влезна квалификација на видеата кои организаторите очекуваат да ги добијат пред истекувањето на рокот за поднесување на видеа на 15-ти декември 2010:

Видео портрети (Документарци за мојата повеќејазичност) - Дали редовно зборувате различни јазици? Опишете ја јазичната средина во која живеете и како таа се одразува на вашата личност.

Видео поеми (Приказни за Јазикот на кој сонувам) - искористете ги аудиовизуелните медиуми во нивниот полн уметнички потенцијал. Поделете ги со нас вашите најоригинални и најкреативни идеи за јазикот.

Учесниците мораат да бидат жители на една од европските земји (без разлика дали се членки на Европската Унија) и на 18 до 35-годишна возраст. Снимките кои можат да се квалификуваат во натпреварот теба да имаат должина од најмногу 5 минути и да се снимени после 1-ви Јануари 2008.

Видеата кои ќе победат, ќе бидат прикажани за време на фестивалот во градот Турк, кој во 2011 ќе биде европска Престолнина на културата. Потоа, кратките филмови ќе бидат  собрани на едно ДВД и прикажани низ цела Европа во дополнителни прикажувања.

Сите видеа ќе се прикачат на  натпреварувачката група на Vimeo и досега се поставени три: Bubble Affair, Endless Cry и подолу прикачениот The Whistle.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.