Видео натпревар: Интернетот за мир

Интернетот е номиниран за Нобелова награда за мир за 2010 година. Како дел од дебатата за придонесот на интернетот врз нашето општество, Condé Nast и Google Ирска се здружија за да го организираат овој видео натпревар, каде победникот ќе има можност да патува и неговото видео ќе биде прикажувано на италијанското MTV.

Условите за натпреварот се многу едноставни, а за да ги прочитате целосно следете го линкот:

Должината на видеото не смее да биде повеќе од пет (5) минути;
Видеото, на било кој јазик, мора да содржи англиски титлови; титловите мора да бидат легален и точен превод на дијалогот;
Видеото мора да се фокусира на креативно претставување на како Интернетот е ефективен двигател на мирот, како што е наведено во манифестот Интернетот за мир (I4P Manifesto) објавен на каналот www.youtube.com/internetforpeace.

Крајниот рок за пријавување на видеата е 1 септември, но гласовите и популарноста на поставеното видео ќе биддат земени во предвид при одлуката за одредување на победник и затоа доколку сè уште не сте го поставиле вашето видео, направете го тоа брзо! Исто така може да ја видите галеријата од поставените видеа и да гласате за вашите фаворити.

Судиите Гилберт Гил, Јони Санчез, Габриеле Салваторес, Ори Околох, Аи Веи Веи, Нобијик Хајаши, Надин Тоукан ќе изберат едно видео како победник на натпреварот, земајќи ги во предвид креативноста, техничката изработка, рангирањето од корисниците, оригиналноста и колку добро го претставува и интерпретира I4P манифестот.

Следуваат неколку видеа поднесени за натпреварот:

Група од палестински и израелси тинејџери кои работат заедно 3 години, пеат и прават музика за мир.

Јури од Русија создава видео за националните стереотипи и како интернетот помага во нивно рушење и покажува какви се всушност луѓето.

Погледнете до видеото за манифестот Интернетот за мир и инспирирајте се за да учествувате, да го испратите вашето видео и да гласате за вашите фаворити!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.