Хаити: Раселените жени и девојки жртви на полово насилство

По разорниот земјотрес на Хаити, жените и девојките сè уште се соочуваат со полово насилство. Некои од нив не само што се силувани туку се соочуваат со отсуство на правен систем и помалку од соодветна медицинска нега.

Tent City in Haiti by Edyta Materka

Град-шатор од Едита Матерка под лиценцата на Криејтив Комонс.

На блогот Ms. Magazine Blog, Џина Јулуси напиша Силувањето е дел од секојдневието на жените во камповите за помош на Хаити каде што таа ги посочува Институтот за правда и демократија на Хаити (IJDH) и Извештајот за силувањата на внатрешно раселените лица (IDP) на Мадре како извори на застрашувачки статистички податоци за половото насилство.

Многу жени и девојки ја имаат изгубено својата заштитна мрежа како што се татковците, браќата и сопрузите или момчињата, кои биле во можност да ги заштитат. И да се биде во тесните квартови на кампот навистина ја намалува нивната приватност, многумина мораат јавно да се тушираат и да спијат до непознати или на места на кои можат да бидат нападнати. И кога нападот ќе се случи, многу од тие настани се и групно силување, тие мораат да се соочат и со други препреки: најчесто нема начин да добијат соодветна медицинска помош од жените практиканти, а пак правниот систем скоро и да не постои оставајќи ги самите да се соочуваат со корупцијата во полицијата и повторно да станат жртви на авторитетите како последица на стигмата поради нападот и поради фактот што нивните напаѓачи се уште се на слобода. Јулсе пишува:

Пристапот на жените кон правдата бил и полош. Жените кои пријавуваа силување – и веќе се бореа со стигматизацијата и психолошките ефекти од сексуалниот напад – често беа замолчувани или игнорирани од полицијата. На одредени инстанции овие жени мораа да се соочат и со корупцијата во полицијата. А, многу случаи пак и не се спроведени од Хаитскиот правен систем. Преживеаните остануваат ранливи бидејќи продолжуваат да живеат во истите области на кампот во кои биле нападнати и нивните силувачи остануваат на слобода. Неколку жени пријавиле дека од земјотресот до сега биле силувани во неколку наврати.

IJDH, Партнери во здравјето и Програма за застапување нови медиуми пред неколку месеци поставија видео со сведоштва на жртвите . Снимател е Сенди Берковиц и уредник Хариет Хиршорн.

Иако жените се борат да се вратат во нормала, малку веројатно е дека нивната ситуација ќе се подобри бидејќи изгледа дека привремените кампови се претвораат во постојани живеалишта. Во јануари CARE USA го интервјуираше др. Френк Џиниус кој ја координира здравствената програмата на CARE на Хаити и го запраша за причините зошто постои голем ризик од силување во овие кампови. Тој ги спомна следните карактеристики кои ги прават камповите плодна почва за нападите: недостатокот на електрична струја која прави навечер камповите да се тотално во мрак, лошо организираните кампови и несегрегираните објекти за капење што ќе овозможи посебни објекти за мажи и за жени.

Џенет Мејерс, советник за половите од CARE исто така дава свое мислење за тоа како камповите треба да бидат поставени за да жените бидат посигурни после земјотресот, посочувајќи ги некои од основните точки од минатиот февруари. Се прашувам колку од овие работи остануваат неразрешени и како што овие кампови преминуваат во трајни живеалишта тие ќе отворат пат за многу нови напади.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.