Дали Руперт Мардок прогласи војна на Фиџи?

Четиригодишната битка помеѓу Фиџи Тајмс и воената влада на Фиџи наскоро ќе дојде до критична точка, бидејќи новите закони за медиуми ќе доведат до присилна продажба на 141 години стариот весник, кој е во сопственост на мардоковиот Њуз Лимитед.

Декретот за развој на медиумската индустрија, усвоен кон крајот на јуни, одредува дека 90 проценти од сопственоста на медиумските компании на Фиџи, мора да го сочинуваат граѓани на Фиџи. Додека Руперт Мардок го прогласи своето американско државјанство во средината на 80-тите за да ги заобиколи медиумските правила за сопственост на странци во таа земја, немаше дискусија околу тоа дека медиумскиот тајкун, инаку роден Австралијанец, ќе стане граѓанин на Фиџи.

Четврток, 26 август го означи крајниот рок до кој заинтересираните страни можеа да поднесат барања за купување на Фиџи Тајмс. Oва доаѓа како врв на војната на зборови кој траела со месеци помеѓу различните австралиски публикации — најмногу во сопственост на мардоковите компании — и владата на Фиџи. „Њуз Лимитед, која е сопственик на Фиџи Тајмс, продолжува да води непријателска медиумска кампања против Фиџи, овој пат директно насочувајќи ја кон националниот туризам, индустрија и економија,” изјави секретарот за информации на Фиџи, Шерон Смит Џонс за Пацифик Бит програмата на Радио Австралија.

Смит Џонс посебно упати кон написот на поранешниот главен и одговорен уредник на Фиџи Тајмс, Рори Гибсон во Бризбејн Куриер-Мејл, кој е во сопственост на Мурдок, споредувајќи ја сегашна влада на Фиџи со „воена диктатура, малку подобра отколку било кој режим на апартхејдот, кој функционирал во мрачното доба на Јужна Африка.”

Смит Џонс гласно се запрашува дали австралиската влада стои зад лошиот публицитет кој го добила владата на Фиџи.

Некои прашања се поставени овде, дали австралиската влада стои зад тоа? Австралиската влада се прeдомисли велејќи дека таа нема да ја казни Фиџи, но очигледно е дека сега Њуз Лимитед е казнет. Тоа ја напаѓа нашата економија и ги напаѓа нашите туристи. Тоа е наместена кампања. Тоа не е само една приказна, тоа се неколку приказни кои што биле водени во неколку различни весници.

Блогерите кои го покриваат Фиџи (и нивните коментатори) се прашуваат дали воената влада на Фиџи ќе одолее на бурата на лошите релации со јавноста, произлезени од присилната продажба на толку славниот весник.

Коментар од ФРЕ на блогот Фиџи денес.

Замислете го лошиот публицитет кој ќе се појави ако диктатурата навистина го присили Фиџи Тајмс да се затвори. Ќе има наслови во сите весници во Австралија и Нов Зеланд. Кредибилитетот на диктатурата ќе биде сериозно нарушена.

Може ли диктатурата да си дозволи загуба? Дали е толку слепа за да не биде свесна за последиците?

Битката помеѓу владата и медиумскиот гигант исто така поттикна дебата во врска со често застапеното покривање на Фиџи во мејнстрим печатот околу пацификот. Блогот Fiji Democracy Now обвинува дека зборовите на Смит Џонс се исто така запаливи.

Но ние не можеме да дозволиме последните јавни објави да се провлечат, што бара од нас да поверуваме дека мурдоковата огромна медиумска империја, Њуз Лтд, станала „алатка” на австралиската влада. The mouthpiece изјавува: „Tоа доведува до прашањето кое најголем дел на Фиџи го поставуваат. Дали австралиската влада го користи Њуз Лимитед како алатка за казнување на Фиџи и за осакатување на нашата економија?” Уау! Дали некој му кажал на Руперт дека неговата мултимилионска компанија е всушност ПР слуга на австралиската влада?

Коментаторот на блогот Fiji: The Way It Was, Is and Can Be (Фиџи: како што беше, е, и може да биде), го брани Смит Џонс, но укажува дека објективното известување и иднината на Фиџи е поважна одошто сегашната мешаница.

[Смит Џонс] вели дека написите се длабоко пристрасни и можат негативно да влијаат на туризмот кој вработува многу граѓани на Фиџи.

Ако некој бара информација, баланс и објективност во написите во Њуз Лтд (и повеќето други странски извештаи) за Фиџи, и во другите мејнстрим медиуми, ова генерално не е случај. Рориевото пишување е хипербола, не новинарство како што го знаеме.

Ова не е за тоа дали ти или јас ја поддржуваме или се спротивставуваме на 2006; туку е за обидот да се разбере ситуацијата и да се помогне да се тргне напред во интерес на сите граѓани на Фиџи.

Малата фотографија од насловната страна е од сраницата на Flickr на World Economic Forum користена под Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0 лиценца

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.