Русија: Еротска наспроти политичка битка на календарите

Се вели дека новинарите треба да бидат објективни и непристрасни и да не стануваат блиски со политичарите. Кога младите студентки по новинарство решија отворено да го изразат своето восхитување кон рускиот Премиер Владимир Путин, „објективноста“ и „непристрасноста“ беа засенети од сексуалните инсинуации и еротска долна облека.

Иако, фактот дека неколку млади Русинки позираа полуголи за календар не е ништо ново, многумина беа запрепастени што името на новинарскиот департман на МДУ било закачено на сликите. Московски дневници обезбедува детален опис на инцидентот тука заедно со англиски превод на постерите. Скандалот се рашири многу во студентската заедница и се разбира стана една од најдискутираните теми во блогосферата.

Блогерот TovarishK го сумира мислењето на една група блогери кои сметаат дека полуголите студентки по новинарство се недолични и навредливи:

На самом деле, надо быть конченным подонком и извращенцем, чтобы в стране, где огромное количество проблем, вызванных некомпетентностью власти, дарить этой власти в подарок эротический календарь.

Навистина, човек мора да биде безнадежен кретен и перверзњак за да подари еротски календар како подарок на Владата покрај многуте проблеми во државата предизвикани од неспособноста на истата.

timur_nechaev77 го додава следното [руски]:

К сожалению, холуйство и проституция типичное явление среди представителей студенческого быдла, и кто холоп в душе, тот так холопом и останется, независимо от наличия диплома о высшем образовании.

За жал, проституцијата и задоволувањето на луѓето кои имаат моќ се типични помеѓу студентите, а проститутка во душа останува проститутка и покрај универзитетската диплома.

А друг блогер, obormoto, го изразува своето мислење:

Очень показательно. Студенток журфака МГУ с юных лет учат, в чем их главный талант, для чего они нужны стране. А главное учат, как правильно общаться с властью – быть похожей на придорожную блядь (см. “прокатите на калине”).

Ова многу открива. Ги учат младите студенти по новинарство каде е нивниот талент и зошто нивната држава има потреба од нив. И, што е најважно, ги учат како да се однесуваат со Владата – да бидат како улични проститутки (види „дај ми превоз на Калина“).

Следниот ден, излезе уште една верзија на календарот од истиот оддел за новинарство. Се појавија различни студентки кои беа официјално облечени и кои прашуваа непријатни политички прашања (види го написот на Московски Дневници од различниот календар преведен на англиски тука.)

За разлика од еротскиот календар кој беше продаван по обичните супермаркети, политичката верзија е базирана онлајн и (сè уште) нема физичка верзија. Сепак, блогерите ги охрабруваат луѓето да ги испечатат страниците и да ги ставаат на ѕидовите во нивните домови и канцеларии.

По некое време, случајот со календарот почна да станува фарса со мала политичка конотација. На пример, блогерот zlaya_uchilka, објави друга верзија на календарот со слики на полуголи машки модели од списанија во кој ги стави сексуалните инсинуации од првата верзија кои беа насочени кон Путин.

edgar-hoover отиде уште подалеку и направи календар со слики од полуголи пензионерки, кои ја изразуваат својата љубов кон неодамна отпуштениот мајор од Москва Јуриј Лузхков (Лузхков беше многу популарен помеѓу пензионерите кои, благодарение на напорите на мајорот, уживаа во највисоката пензија во Русија).

И ibigdan постираше верзија на календарот со лицата на руски и понекој интернационален висок функционер (како Барак Обама) со пофалби кон Владимир Путин. Случајот постепено станува интернет меме.

„Војната на календарите“ симултано се појави на различни платформи. Руските традиционални медиуми, активно го покриваат скандалот кој излегува надвор од неговите пропорции. Но, не е изненадувачки тоа дека блогосферата и социјалните мрежи (на пример Vkontakte.ru) обезбедуваат подлабок поглед на случајот благодарение на нивната интерактивност и јавно залагање.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.