Египет: Лош, лош Фејсбук

Минатата недела, во ток-шоуто Misr El-Naharda (Египет денес), кое се прикажува на египетскиот државен телевизиски канал, Al-Masreya, се разговараше за Фејсбук и неговото влијание врз египетското општество. Zeinobia пишува за оваа епизода на нејзиниот блог и за тоа како најголемиот дел од разговорите биле насочени кон напаѓање на Фејсбук.

Националната телевизија, Misr El-Naharda дискутираше за позитивните и негативните страни на Фејсбук, повеќе насочувајќи се кон негативните, според кои Фејсбук е зло коешто ќе го уништи египетското општество.

Шоуто стана предмет на потсмев на египетската блогосфера, кога водителката заедно со двајцата гости, Nadia Radwan и Gamal Mukhtar изјавија доста погрешни – па дури и смешни- нешта за време на емисијата. Шоуто беше снимено и поставено на Јутјуб [арапски], а блогери како Aam Mina ги објавија најсмешните изјави на својот блог.

مني الشرقاوي: الفيسبوك طبعا تبع شركة جوجل العالمية وهو حجرة من حجيرات شركة جوجل. نادية رضوان: فيه بردو موقع “مي بليس” شبيه ليه. … مني الشرقاوي: احنا بقينا جواسيس لبلدنا.. بنفضح بلدنا. مني الشرقاوي: الحمدلله ان استخدام الانترنت لسة محدود
Mona El Sharkawy: Несомнено, Фејсбук му припаѓа на Гугл. Тој е всушност и една од просториите во Гугл. Nadia Radwan: Постои исто така и “My Place”, доста слична веб-страница.
Mona El Sharkawy: Станавме шпиони на нашата сопствена земја. Mona El Sharkawy: Фала Богу, стапката на навлегување на интернетот во Египет е сѐ уште ограничена.

Исто така UltimateServ пиша на Твитер за тоа како водителката којашто воопшто не користела Фејсбук претходно, направила емисија за него.

مش عيب ان منى الشرقاوي تعمل حلقة عن الفيس بوك وتقول انا مفكرتش اشترك فيه أصلاً هو دا الإعلام الرسمي بتاعنا؟ منهم لله
Не е ли срамно што Mona El Sharkawy направи емисија за Фејсбук, а потоа рече дека никогаш не ѝ паднало на крај памет да се приклучи кон него? Само државна телевизија може вака да се однесува. Господ нека ги казни за ова.

По завршувањето на емисијата, многу блогери помислија дека е ова можеби некаков владин потег да се одвратат луѓето од Фејсбук, како би можеле подоцна да го блокираат, особено имајќи ги во предвид неодамнешните случувања на египетската сцена на традиционални и општествени медиуми. Некои дури и се запрашаа дали можеби владата ќе создаде алтернативна друштвена платформа која што ќе може да ја контролира. Zeinobia напиша повеќе за тоа на нејзиниот блог.

Овој сегмент покрена многу стравови и шпекулации до тој степен што денес се појави гласина дека Link Dot Net на владата и претставила студија за алтернатива на Фејсбук, гласина што се прошири на интернет со брзина на светлината, која на крај Link Dot Net со доста паметен чекор официјално ја негираше.

Amira Al Tahawi напиша на нејзиниот блог дека во Египет веќе постојат алтернативи на Фејсбук кои се насочени кон секти.

عندنا اكاونتات ع الفايس بوك القبطي والاخواني والمصري . خلي الحكومة بقى تعمل فيسبوكها
Имам отворено профили на Coptic Facebook, Ikhwan Facebook, и Egypt Facebook. Нека создаде владата сега свој сопствен Фејсбук.

Египетското Министерство за комуникации и информатичка технологија ги одрече сите гласини во врска со блокирањето на Фејсбук [арапски]. Но, ова не го спречи исмевањето преку Твитер за можноста да се добие египетска верзија на Фејсбук, креиран од страна на владата, и како тој би изгледал [арапски/англиски].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.