Русија: Музичка битка за шумата Химки

Sergey Shnurov at a concert, photo by LaFleur

Сергеј Шнуров на концерт, фотографија од LaFleur

Пред одреден период, популарниот руски ска панк бенд Ленинград по околу две години молк го објави својот прв сингл и видео, во кои го исмева скандалот околу шумата Химки во близина на Москва, каде со години локалните екологисти, неуспешно се до неодамна, се обидуваат да ја запрат изградбата на автопатот Москва- Санкт Петербург.

Друг популарен руски рок музичар, Јуриј Шевчук, беше помеѓу оние кои заземаа активна улога во кампањата против уништувањето на шумата. На 22 август 2010, на концертот за Химки шумата, во Москва, тој пееше со исклучена опрема, затоа што локалните власти не им даваа да користат електрична енергија. Подоцна тој настапи на сцена со Боно од U2, и заедно ја испеаја познатата песна на Боб Дилан, „Knockin’ on Heaven's Door.“ На денот пред настапот, Боно се сретна со рускиот претседател и зборуваше со него за полиомијелитис и ХИВ/СИДА во Русија, но не успеа да го спомне спорот за Химки шумата затоа што тогаш не беше свесен за тоа.

После настапот на Боно и Шевчук, и поради јавната побуна, претседателот Медведев одлучи да го одложи градењето во шумата Химки.

Сите овие настани го инспирираа Сергеј Шнуров, поранешен фронт-мен на групата Ленинград, да го обедини бендот повторно и да напише песна за овој проблем:

Ленинград ја искористи уметноста на Николај Копелкин, руски андерграунд уметник, познат по неговите слики полни со црн хумор и провокативни пораки. Главниот херој на видеото е човек прикажан со балалајка, кој стои пред шумата. Околу него има неколку ликови од цртаните филмови (на пр. Симпсонови како и некои познати руски ликови), кои се борат меѓу себе. Во видеото се појавуваат и политички фигури како претседателот Димитриј Медведев, премиерот Владимир Путин и поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков.

Во оваа песна, Шнуров ги исмева оние музичар кои ја поддржуваат кампањата за спасување на шумата, имплицирајќи дека земаат учество во протестот само за да заработат пари и слава.

Покупайте билеты братья, я последний певец демократии. Химкинский лес!

Про бесчинства все эти не заткнете мне рот,
И поеду гастроли, я концерты давать
Буду петь про “доколе им страну продавать”
Так и я не в накладе получаю процент, и живу в шоколаде, громко капает цент

Браќа, купувајте ги билетите, јас сум последниот пејач на демократијата! Шумата Химки! Нема да ме замолчите, ќе продолжам да пеам, за ова беззаконие, И ќе одам на турнеи, ќе правам концерти, Ќе пеам за „нивното продавање на земјата кое доволно трае“. Секако, дека нема што да изгубам, ги заработувам моите проценти и добивки од тоа (се слуша звук од центи како паѓаат…)

Новата песна и нејзиното видео привлекоа голема реакција од страна на руската блогосфера. Многу блогери претпоставија дека песната е исмевање на Шевчук и дека стихот „Јас сум последниот пејач на демократијата“ посочува кон него. Видеото на YouTube има над 418,000 гледања и 1,700 коментари од корисниците. Еден од нив The1chico1 напиша:

Ну как же, как же, это ведь ты у нас самый крутой певец правдоруб один […] Зависть взяла банальная, что это Шевчук выступил, а на его фоне все остальные оказались ничтожествами и Шнур так же говно, как и все остальные, и вот вернувшись с очередных теплых стран где уже давно привык наслаждаться жизнью, решил заявить о себе

Види, види, тоа си ти Шнуров, нашиот најкул и најискрен пејач… Ти си само завидлив што Шевчук прозборе и сите други излегоа дека се безрбетници во споредба со него, и Шнуров е исто срање како и другите, а сега се врати од топлите земји каде се беше навикнал да ужива во животот и одлучи да си дозволи да биде слушнат.

Во неговото интервју за Руски Неделник, Шнуров тврди дека нема ништо лично против Шевчук и дека му се допаѓа неговата искреност. Вели дека не го исмева Шевчук во видеото и дека нема ниту еден збор против него во видеото.

Рускиот рапер Noize MC направи видео наречено „Бричење Ѕвзда“ (песната реферира на песна од Ленинград “Shave a Pussy”). Лицето на Шнуров е на маските кои Noize и негова група ги носат во видеото. На сцена настапуваат заедно со главниот лик од видеото на Шнуров, личност која носи костим од снешко:

Користејќи многу пцовки и навредливи гестови, Noize MC имплицира дека песната на Ленинград е напишана по наредба од Кремљ.

Димитриј Биков , реномиран руски писател, посочува дека Шнуров не бил сериозен за ништо, тој го исмевал Шевчук, екологистите и фановите од Кремљ. Но, според Биков, период на исмевање и политичка иронија е одамна поминат и фронтменот на Ленинград го пропуштил овој тренд. Квантитетот на апсурдност се претвори во квалитет и иронично неучество нема да помогне во овој случај.

Оваа битка најверојатно не е завршена. Шнуров може да напише одговор откако ќе ја заврши неговата концертна турнеја. Оваа дебата поткрена чувствителни прашања и уште еднаш покажа дека музиката и уметноста може да ги истакнат потиснатите проблеми и контроверзии. Во врска со ова, коментарот на YouTube од страна на Woltch85 би бил посоодветен:

ЭЭЭйййййй!!! Господа очнитесь!!! Неужели в России кроме Химкинского леса больше нет проблем! Посмотрите на улицы нашей необъятной Родины, толпа беспризорников, голодных стариков, да и вся остальная масса в ж***е, но зато всех нас волнует вырубка леса, все вдруг резко об экологии задумались.

Ејјјјј!!! Господа, разбудете се!!! Зарем нема други проблеми во Русија освен шумата Химки! Погледнете на улиците на нашата татковина. има толпи од бездомни деца, изгладнети старци, а останатиот дел од популацијата е во слични услови, но ние сите сме загрижени за сечењето на шумите, наеднаш сите се загрижени за природата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.