Југоисточна Азија: Интерактивен веб-сајт за сексуална едукација

Основан во jули 2010 во Сингапур, сајтот sexxie.tv тврди дека е прва и единствена платформа за сексуално образование, глобално водена од реномирани доктори.

S.E.X.X.I.E, што значи Секс Експерти Интерактивна Едукација (Sex eXperts Interactive Education) е посветен на заштитата на сексуалното здравје на тинејџерите и помладите, сексуално активни луѓе. За разлика од традиционалните сексуално-едукативни програми, sexxie.tv ја користи онлајн платформата за да допре до своите клиенти.

Со глобалниот раст на инцидентите како тинејџерска бременост, абортус, сексуално преносливи болести и сексуалната злоупотреба, S.E.X.X.I.E се стреми да го замени школското и домашното сексуално образование и да ги насочи тинејџерите и помладите луѓе да бидат поодговорни и посвесни за себе и своите активности.

Кога се затекнати во чувствителна здравствена ситуација, младите најчесто се обраќаат кај своите врсници за совет. Најчесто, нивните врсници не се опремени со соодветните вештини и знаење за да се справат со проблемот. Исто така, често родителите се чувствуваат непријатно да разговараат на оваа тема со своите деца. Последиците од оваа појава, може да бидат навистина сериозни.

Извор како S.E.X.X.I.E, кој не подлежи на предрасуди и кој не ги суди неговите корисници, може да им овозможи на тинејџерите и помладите луѓе, искрена, прецизна и холистична информација.

Веб-сајтот нуди и онлајн помош во вид на прашалник со одговори, видео стримови, написи, онлајн семинари или „вебинари“, новости на Твитер и постови на Фејсбук. Што се вебинари?

Тие се виртуелни семинари кои даваат отворени факти. Тука нема комплексни медицински терминологии. Лесно и погодно. Се регистрирате онлајн и готово е! Се што ви треба е компјутер и пристап до интернет. На крајот на секоја сесија, ќе добиете одговор на вашите прашања во реално време и ќе може да ги разговарате за чувствителните теми како сексуално преносливи болести, предвремената ејакулација и други.

Презентацијата ви ги нуди потребните информации за исклучителната намена на сексуалната едукација. Си помош на онлајн разговорите на SEXXIE, тинејџерите, младите брачни парови и сите останати сексуално активни луѓе, ќе бидат послободни за разговор за своите проблеми. Без оглед дали од дома, од работа или од кафе бар, секој може едноставно да се регистрира на сајтот и бесплатно да добива совети и информации од реномирани доктори и специјалисти. Прашањата и одговорите се спроведуваат на крајот на презентацијата. Сите вебинари се модерирани од нашите лични, медицински професионалци.

Фејсбук страницата на SEXXIE го носи слоганот: Секс едукација за луѓето, од луѓето (Sex Education for the People, by the People)..

Погрижете се вашиот глас да биде слушнат. Можеби сте наставник, загрижен родител, љубопитен тинејџер или вреден студент. Може да бидете било кој. Но, се надеваме дека ќе останете со нас и ќе станете SEXXIE (сексуално) слободен. Добро информиран. Моќен. Одговорен.

SEXXIE.TV верува дека сите заслужуваат искрена и прецизна информација. Без оглед дали станува за мал проблем или за прашања во однос на сексот и врските, сите сме жедни за едукација.

И бидејќи веруваме дека образованието служи за соочување со реалните проблеми со реални решенија, ние ви даваме начини за споделување на вашите мисли. Учете од искуствата на другите луѓе. На веб-сајтот на SEXXIE.TV, ова го нарекуваме интерактивно образование.

Др. Љубов (Dr. Love), основачот на sexxie.tv, изјавува дека сајтот добива позитивен фидбек од интернет корисниците од разни делови низ светот.

Дневно агрегираме меѓу десетина, стотина, па дури и неколку илјади мејлови/смс/веб-чет пораки дневно, во зависност од моментално достапните активности на сајтот.

Пораките доаѓаат главно од Индонезија, Малезија, Сингапур и дел од Филипините.

Видот на прашања варира меѓу тинејџерите и брачните двојки. Многу прашања не се анонимни.

Имаме партнерства во Индонезија, Сингапур, а наскоро ќе оформиме и во Малезија, Индија и Кина.

Повремено добиваме по 1 или 2 члена од публиката кои сакаат да контактираат со нас за разрешување на нашата мисија, но успеавме да ги претвориме во наши фанови, откако ќе ги разјасниме недоразбирањата.

Др. Веј планира и да ги прошири бесплатните сервиси кои ги нуди веб-сајтот. Наскоро ќе биде пуштена виртуелна клиника за сексуално преносливи болести, како и анатомска сајбер-тура за училиштата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.