Русија: Реакции по вооружената пресметка во Кореја

Тензии во Кореа од gwydionwilliams на Flickr

Руската поморска територија Приморски крај дели граница со Кина и Северна Кореја и тамошните жители ја следеа веста за размената на оган помеѓу Северна и Јужна Кореја на 23 ноември, на островот Јонгпјонг, со посебна загриженост од можноста за војна.

Сите регионални новинарски извори го следеа развојот на настаните. Имаше мала поддршка за Северна Кореја (руски), особено беше критикувана  улогата одиграна од САД во конфликтот. Некои локални политичари дури и истакнаа дека се уверени дека Северна Кореја е таа што го испровоцирала конфликтот (руски).

Граѓаните на Приморски крај не изразија толку голем страв иако тоа се очекуваше. Со други зборови, луѓето не избрзаа со купување на картите за новогодишните патувања за Јужна Кореја (руски). И директните летови од аеродромот во Владивосток до Сеул и Пјонгјанг се откажани.

Локалниот весник “Владњус„ (Vladnews), сепак извести дека по вооружената пресметка граѓаните на Северна Кореја брзаат да го напуштат Приморски Крај (руски). Според Владњус оваа предизвика неповолна економска состојба бидејќи граѓаните од Северна Кореја се најевтината работна рака во овој регион.

Како коментар на статија на веб страницата на локалните вести Вл.Ру за запирањето на испораките со храна од Јужна Кореја, еден читател самидинах поддржа една од теориите на заговор.

[…] Южная провоцирует кимченировцев с подачи США.
[…] Россия уже никуда не лезет. Медвепут с […] (Обамой) уже обо всём договорились.
И скоро через нас будет осуществляться транзит пендырской армии.

…Југот ги испровоцира следбениците на Ким Јонг Ли по совет на САД.
…Русија не се меша повеќе. “Медпут„ веќе се согласија за сѐ со Обама. И наскоро преминувањето на Пендер-армијата ќе се изврши преку нас.

(Белешка: “Медпут„ е пејоративна форма за тандемот на претседателот Медведев и поранешниот премиер Путин. Додека, “Пендер„ е пејоратив за терминот “Американски„)

Друг коментар, Мозг Человека (Човечкиот мозок) одговори на друга статија на Вл.Ру во врска со конфликтот, изразувајќи загриженост (руски) за можноста за нова војна:

Если начнется Ирак-2 (с вторжением америкосов в КНДР), то это будет пипец. Война в 200 километрах от Владивостока.

Ако започне Ирак 2 (со инвазија на Американците на територијата на Демократска Република Кореја) тогаш ќе бидеме во каша попара. Војната би била на 200 километри од Владивосток.

Друго лице дава саркастичен коментар за тоа како можната војна би влијаела врз претстојниот самит на Азиско пацифичката економска ааедница (АПЕЗ), кој е планиран да се одржи во Владовосток 2012. Буџетот на самитот е наводно четири пати поголем од годишниот буџет на регионот Приморски Крај, а пет пати поголем од буџетот на Олимписките игри во Ванкувер. Жаба напиша (руски):

Эй, там, на распиле бабок саммита АТЭС! Пилите быстрее, похоже ваш саммит накрывается корейским медным тазом!

Здраво на сите кои ги крадат парите за самитот на АПЕЗ! Крадете побрзо, изгледа дека наскоро самитот ќе си ги собере парталите!

Животот продолжува, интернет заедницата од Приморски Крај набргу се префрли на дискусија за последиците од скорашната снежна бура, подготовките за самитот на  АПЕЗ и на други важни теми.

Изгледа дека само неколкумина веруваат во можноста за војна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.