Иран: Уметноста и дизајнот на „Зеленото движење“

Каде е мојот глас“ е изложба на 150 политички постери за Зеленото движење во Иран што можеше да се види во училиштето за визуелна уметност во Њујорк (30 август – 25 септември) направени од графичари од целиот свет (горната креација е на Јоси Лемел), во поддршка на протестите во Иран кои следуваа по претседателските избори во 2009 година. Овие дизајни исто така ќе бидат изложени во Бостон во ноември.

Сајбер грaѓанство, блогирањето и храбрите граѓани фото-блогери беа темел на ова меѓународно уметничко движење.
Џон Вишневски, помошник директор за комуникација на училиштето за визуелна уметност во Њујорк за Глобал Војсес, по електронска порака, изјави:

Следејќи ги изборите во Иран летото 2009 година, ирански фотограф кој се води под име Грин Брд, собра графичари од цел свет за да направат постери во поддршка на Зеленото движење во Иран. Еден од уметниците на кои се обрати, италијанскиот дизајнер Андреа Раух, доброволно се пријави да ги објави сите постери на веб сајтот СоушлДизајнЗајн, блог на здружението на италијански графички дизајнери,  каде што Раух е уредник. Се собраа и можат да се погледнат над 200 постери на сајтот.

Вишневски споделува текст од една од електронските пораки на Грин Брд:

И еве го текстот од една од оригиналните електронски пораки на Грин Брд:
„Како си мој пријателе? Се надевам дека си добро. Јас сум толку тажен деновиве. Многу луѓе загинаа во Иран (по иранските избори). Момчињата и девојките убиени во изминатите денови. Ми течат солзи. Присутниот проблем во Иран е од меѓународен карактер. И според моето мислење добро познатите уметници од светот треба да се придружат на каузата. Вие сте голем илустратор. Итно барам од Вас да направите постер во поддршка на оваа кауза. Вие сте Иранец во овие денови како мене. Вие сте како мене, тогаш помогнете ми на овој начин (Зелено движење)“.

Грин Брд во нејзините електронски пораки, исто така ги сподели со надворешниот свет своите фотографии од протестите во Иран .

Вишневски на крајот вели дека главните теми кои ја симболизираат „Зелената уметност“ се : „Обединетост, желбата за слобода, предавството, надежта“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.