Брегот на Слоновата Коска: Блогерите од Гана реагираат на политичките немири

Côte d'Ivoire ( Брегот на Слоновата Коска) е држава во Западна Африка. На југ излегува на брегот на Северно- Атлантскиот океан и граничи со Гана на исток, Либерија на запад, Гвинеја на северо- запад, Мали на север и Буркина Фасо на северо- исток.

Спорот околу резултатите од претседателските избори и пост- изборните тензии се главни теми во најголемиот број на насловни вести во Африка и Европа. Властите на Брегот на Слоновата Коска ги затвориле сите природни граници на земјата и забраниле локален пренос на меѓународни медиуми за вести.

Ајде да видиме како Блогерите од Гана реагираат на ситуацијата во Брегот на Слоновата Коска.

Мак- Јордан (авторот на овој напис) блогирајќи на Идни предизвици, го замоли Лорен Гбагбо да престане да се наметнува за претседателска моќ:

Лорен Гбагбо од Брегот на Слоновата Коска треба да престане да се наметнува како претседател и да се повлече според еден од неговите поранешни премиери. И двајцата, Лорен Гбагбо и ривалот Аласане Куатара изјавуваат дека победиле на изборите, така што меѓународната заедница не го признава владеењето на Гбагбо.

Во воведниот параграф на неговиот напис насловен Добротворните работи на Дрогба и бесот на Гбагбо, блогерот од Гана, Ани Осабутеј вели дека политичката ситуација е засрамувачка за фудбалската ѕвезда на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, кој собираше пари во Лондон за да изгради болница во Абидјан.

Според Ани:

Земјата во моментов е поделана помеѓу Југот и Северот. Последниот е контролиран од бунтовничките сили, од каде и г. Куатара ја има најголемата поддршка. Има обиди да се натера (Лорен Гбагбо) да седне и да размисли како човек, а не како животно. Неговите потези се засрамувачки за работата на фудбалерот Дидие Дрогба кој ги собра другите свои сонародници од Англија, музичари и фудбалери, да соберат пари за да изгради болница во својата земја која еден идиот очајнички се обидува да ја стави на оган.

Пред тоа; друг напис од истиот автор; Quitte le Pouvoir, порака до Лорен Гбагбо привлече два интересни коментари од неговите читатели. Мајк изјави:

Јас не сум фан на Гбагбо , но сметам дека вие се нафрлате алитеративно на Гбагбо без игнорирање и поддршка за тоа што допрва ќе откриете. Ние треба да ве слушаме вас, луѓе, само ако сте точни. Уставниот совет има право да ги прегледа и валидизира резултатите од изборите ако има потреба за тоа. Уставниот совет е тој кој што може да го пцуе претседателот. Тоа е она и што направија. Погледнете ги илустрациите и оспорете ги ако можете или молчете бидејќи некои од прогласувањата, како оние на ИМФ, Франција и САД се одвратни и покажаа каде лежеле нивните интереси во сето ова. Брегот на Слоновата Коска е за жителите на Брегот на Слоновата Коска, не за Французите или Американците. Кој го пцуеше Др. Аласан Куатара? Ве молам вклучете се во Африка и здобијте се со проникливи податоци и одбијте да бидете заведени од BBC. Лондон нема интерес за ЦИ, затоа и го напуштија многу, многу одамна (скоро осум години). Др. Аласан знае каде да оди да бара правда наместо да изврши предавство. На странските медиуми им беше забрането во неколку ситуации да пренесуваат од ЦИ. Тие мора да ги почитуваат законите на ЦИ или ќе бидат исфрлени како дете на проститутка.

Nana Yaw Sarpong не можеше да не се сложува повеќе:

Добро идеја за тоа зошто САД итн. го сакаат толку Гбагбо надвор од сето ова, Мајк. Тие го толерираа 10 години, така… Јас мислам дека тој изгуби, но добро го користи уставот во своја полза.

Неверојатно, „Габагбо глупакот“ беше во насловот на Новиси чиј напис исто така привлече два интересни и добро сумирани коментари.

Санкофа смета дека целата оваа работа беше екстремно лукава:

Целите избори беа лукави од почеток. Иако сметам дека Гбагбо ја повредува нацијата со одењето напред и со повторното поставување себеси за претседател, не сум сигурна дека и Куатара победи фер. Целата оваа работа е една голема збрка.

Нана Фредуа- Агиеман застана на страната на Новиси во неговиот коментар:

Новиси, тој е најглупавиот човек за кој сум слушнала. Ме повредува толку многу тоа што поради нечија заложба за моќ, тој станува причина за смртта на други луѓе. Вчера во Талкпарти, прочитав дел кој го напишав токму за него. Го мразам тој човек. Сепак, кој ги објавува резултатите од изборите: изборната комисија или уставниот суд. Така, додека организаторот на изборите изјавува дека победил Аласан Куатара, Уставниот суд вели дека Гбагбо е претседател. Глупост од n-ти степен.

Во својот напис „Трагикомедија на 21 век- Гбагбо против луѓето од Брегот на Слоновата Коска“, Nana-Yaw Sarpong го изрази своето мислење за сегашната состојба на аферите во Брегот на Слоновата Коска:

Немам идеја за ниту еден маж или жена која би била толку глупава како овој човек Лаорен Гбагбо кој што сака да ги украде изборите користејќи го уставот. Тој ја пролонгираше својата позиција на моќ за близу 10 години, одложувајќи ја организацијата на изборите- со ова не сакам да кажам дека ова е единствениот легитимен начин да се дојде до претседателство- главно со повикување на одредбите од Уставот на Брегот на Слоновата Коска. Гбагбо, како разумен човек ќе ја напуштеше позицијата, но тој одби, исто како и Подземниот човек. Тој гледа дека неговата смрт доаѓа, сепак ќе ја прегрне целосно.

Ко-основачот на Ghanablogging.com, Кајса, ја сподели Историската рамка на Брегот на Слоновата Коска од BBC, која нè потсетува за опасното минато на Брегот на Слоновата Коска и дека Куатара беше претседателски кандидат кој беше обвинет дека не е жител на Брегот на Слоновата Коска во 1999 година:

Утрово видов неколку твитови од мојот твитер фид за Брегот на Слоновата Коска;

BBC извештај: ОН изјавува дека го повлекува незначајниот персонал од Брегот на Слоновата Коска: http://bbc.in/gPnqKe #CIV2010

Балдауфиј: Избори во Брегот на Слоновата Коска: медиуми и дипломатски реакции — csmonitor.com од @sahelblog http://bit.ly/fF4UL6

Мак- Јордан: Однесувањето на Гбагбо беше осудено од Обединетите нации; @UN. Дадете се што припаѓа на #Ouattara и дозволете мирот да преовлада. #CIV2010 http://is.gd/iis3Y

Enhanced by Zemanta

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.