Поддржи ги многуте гласови на Global Voices – донирај денес!

Како што ја затвораме оваа напорна година и пролистуваме низ поглавјата од претходните дванаесет месеци, можеме да го потврдиме она во кое веќе одамна се сомневавме: 2010 беше извонредна година за Глобал Воисес! Нашата организација—која ќе го прослави 6-тиот роденден на 11 декември—има преземено изненадувачки и креативни обиди изминативе 12 месеци: стекнавме многу нови интересни медиумски партнерства, ги изостривме нашите истражувачки вештини и направивме некои важни промени во начинот на пристапување кон повеќејазичноста. Кога не работат на нови содржини за на сајтот, нашите неуморни членови на заедницата, работат во сопствените региони оставајќи свој белег во светот со предводаџиство на нови иновативни и значајни граѓански медиумски проекти.

2010 за нас беше исто така година на Самит. Ова е само еден дел од заедницата на Глобал Воисес пред јавната библиотека во Сантијаго, Чиле-каде се оддржа овогодинешната средба.

Во 2010, неколку групи од “ГВерс” започнаа проекти со комбинирање на волонтерството и пристапот до информации. Членовите од нашиот бразилски тим го поставија Елеитор 2010 за да ги следат инцидентите предизвикани од општите избори во октомври 2010. Аваб Алви, Сана Салем, Салман Лаиф и други од нашиот пакистански тим се впуштија во поплавените региони на нивната држава за да помогнат во решавањето на проблемите околу релјефот, исто така ја поставија Пакрепорт орг за да ги следи на мапа сите потреби и одговори во врска со релјефот. Оник Крикориан постави специјална сеопфатна секција за мислењата околу конфликтот за политичкиот врв и креирањето на околината, воспостави неколку сесии за обука и подучување за користење на дигиталните медиуми за да се поттикне мир во регионот. Алексеј Сидоренко и Грегори Асмолов од нашиот проект РуНетЕхо, го креираа русиан-фирес.ру, кој го покажува и координира на мапа релјефот каде има опожарување на руските шуми за време на летото – и добија престижна награда за нивните напори.

Елејтор 2010, предводен од нашиот бразилси тим, г следеше инцидентите настанати од бразилските општи избори

Мрежата технологија на транспарентност од Глобал Воисес, нов истражувачки проект кој го изведовме оваа годинаа, ги документира проектите направени од граѓаните кои ја користат информатичката технологија за следење на транспарентноста и одговорноста. Ново медиумско партнерство со Економистот, италијанскиот дневен весник Ла Стампа, руската радио-станица Еко Москву и пробниот проект со ББС во живо во месец мај, ја промовираше нашата работа на новата публика. Во 2010 завршивме со целосната структурна ревизија на нашата веб-страница на која е дозволено објавување на оригинални материјали на многу јазици, не само на англиски.

Промената во изгледот на нашиот веб-сајт овозможува текстовите да бидат прикажани на сите јазици кои се дел од нашата преведувачка заедница.

Во 2010 основачите на Глобал Воисес Ребека МакКинон и Итан Зукермен дополнително докажаа зошто се едни од водечките авторитети на светскиот интернет. Итан оддржа говор што перфектно ги изрази ефектите од мрежните светски медиуми и зголеменото влијание од граѓанските медиуми. По многубројните јавни излегувања и колумни во Весникот Вол Стрит, оваа година Ребека започна да работи на нејзината книга Одобрување на емитуваното, “што претставува граѓански водич за иднината на слободната интернет ера”.

И покрај успесите  во нашата заедница и пошироко, граѓанските медиуми се во опасност насекаде во светот. Во 2010 се случија многу напади на онлајн слободата на изразување. Блогерите од Азејберџан Емин Мили и Аднан Хајизаде можеби се ослободени и египјанецот Карем Амер конечно е  пуштен на слобода откако помина 1,470 дена во затвор, но помеѓу оние кои годинава беа прогонувани, поради што го искажаа личното мислење онлајн, се наоѓа и нашиот пријател и придонесувач за Глобал Воисес Али Абдулемам од Бахриан и нашиот поранешен колега Хусеин Деракшан од Иран, двајцата се моментално во затвор.

Страданијата на Карем, Емин, Аднан, Хусеин и други, како што покажува нашиот проект Заканувачки Гласови, се потсетник дека слободата на изразување е се уште ризична во многу делови од светот. Одгласот на Викикиликс покажува дека онлајн слободата на говорење моментално е тема на сериозни дебати во сите земји на светот.

Па така овој месец, како што завршува 2010 година, апелиравме да се продолжи со досегашната работа. Нашите уредници, автори и преведувачи трошат стотици часови месечно со цел да дојдат до информации од нивната држава или регион, селектирајќи и контекстуализирајќи ги најважните одгласи, приказни и идеи, правејќи ја сликата за светов покомплетна.

Доколку верувате дека она што го правиме го обогатува светот, донирајте. Или само посочете го нашиот сајт на вашите пријатели и роднини и помогнете ни со тоа што ќе коментирате или ќе поставите некоја содржина. Најважно од се е да ни се придружите да ја направиме 2011 незаборавна и забавна како што беше 2010!

- Иван Сигал и Џорџија Поплевел

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.