Индија: Жените земјоделци во борба против климатските промени

Група жени во Индија демонстрираа за тоа дека и покрај нееднаквоста меѓу половите што постои во оваа земја и нивната ниска економска состојба, тие можат да постанат силен извор за борба против климаските промени и намалување на гасовите кои ги предизвикуваат.

Во Индија, најранливо население на климатските промени се — осиромашените заедници и жените —  и тие  се најпрво и најмногу зафатени од овој бран. На пример, Офхам (Oxfam) индиски блог коментира за  разурнувачкиот удар на суша кај земјоделците и директниот ефект врз жените и децата.

Во последните 12 години, скоро 50 земјоделци годишно вршат самоубиство, една десетина од нив се жени. (…) Голем број на земјоделци почнаа да мигрираат во градовите во потрага по храна. И ситуацијата стана шокантна кога во тие области се зголеми бројот на жени и деца.

Полот како фактор на ранливост од  климатските промени

Проценето е дека жените произведуваат над 50% од сета храна во светот. Во Индија, повеќе од 84% од жените се вклучени во земјоделските активности и како резултат на тоа тие постанаа најголемите жртви на ударот од климатските промени. Покрај тоа, нееднавоста во половите ги прави несразмерно ранливи на климатските промени. Блогерот Присила Стаки (Pricilla Stuckey), доктор по филозофија изјави  на блогот Оваа живописна земја (This Lively Earth) дека жените се нерамномерно погодени од климатските промени:

Дискриминацијата против жените исто така игра важна улога во тоа како женското искуство влијае врз климатските промени. Во Индија, на пример, каде жените ги гледаат нивните приноси скратени  на половина и намалениот квалитет на културите поради климатските промени, нивното здравје се оштетува од двоен удар, слабиот квалитет на културите и нееднаквоста во полот.

Земјоделецот Сита Деби (Sita Debi) е пример за тоа. “Кога нема дожд, ние жените треба да работиме  многу напорно во полињата и да се обидеме да одгледуваме земјоделски култури. Нашата исхрана исто така е лоша бидејќи ние сме последните во семејството кои стануваат од маса за време на ручек. Многу од нас се анемични како резултат на тоа”, вели таа во видео клипот снимен и објавен на блогот  Најди ги своите стапала (Find Your Feet). Други жени фармери се појавуваат во видеото објаснувајќи за тоа колку лошо влијаат климатските промени  на нивните животи.

Кога жените го возвраќаат ударот

Индиските жени не седат со скрстени раце и  чекаат да бидат погодени од климатските промени. Тие, исто така, го возвраќаат ударот. Како што е прикажано во втората половина во видеото, жените развиваат нови начини за тоа како да се прилагодат и како да се помогне во спречување на  глобалното затоплување.

Како што е изјавено во оваа статија на Интер Прес:

Земјоделството се смета одговорно за најмалку 20 проценти испуштање на гас во Индиските стакленици, особено испуштањето на метан од оризовите полиња и шталите и азотен оксид од ѓубривата. Според извештајот од  2007 година од страна Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации (МПКП), распоредот на врнежите во Индија ќе се менува несразмерно, интензивниот дожд кој ќе го има се помалку, води директно до забуна во земјоделското сценарио.

Друг пример за тоа жената да превзема заштитни мерки за борба против климатските промени имаме и во селото Бидакан (Bidakanne), каде што жените  одгледуваат растенија како лен, зелени насади, леблебија, пченица и други мешунки насадени меѓу редовите од сончоглед, сите без вода и хемиски додатоци, како што се пестицидите.

Овој вид  на земјоделска дејност е особено корисна за посиромашните луѓе или жени кои ја сочинуваат најниската класа на кастинскиот систем на Индија. Преку овој систем, жените во околу 75 села во областа Медак сега можат да формираат здруженија за продажба на нивните култури, како и да го собираат вишокот од  производството за посиромашните членови. Покрај тоа, применувањето на овие практики е за да се намали испуштањето на гасови и штетни загадувачи, а исто така помага и во намалување на сиромаштијата.

Раководството и напорот на овие индиски жени не помина незабележано во рамките на онлајн заедницата. Шиба Просад Батачариа (Shiba Prosad Bhattacharyya) коментира на сајтот Индија заедно.

Ви благодариме за вашата рубрика во која се истакнени овие жени  и за случајот дека тие се водечки пример во светот. (…) Храната е човеково право, а не здружена стока за шпекулации. Мајката природа не работи за профит на управните одбори. Заедничкиот профит ќе доведе до умерено поголема криза со храна. Преку вас јас ги пренесувам моите најголеми барања во однос на овие жени лидери кои немаа никакви негативни ефекти врз животната средина, јавното здравство и земјоделските семејства од кои производството на храна може да биде профитабилно, одржливо и извор за сите нас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.