4 начини на кој можете да ги поддржите „Глобални гласови“ (и Среќна Нова Година!)

Доколку го читате ова, тогаш сигурно сте веќе пријател на Глобални гласови кој верува во нашата мисија за засилување на гласовите кои што вообичаено не можете да ги слушнете во медиумите, за правејќи го возможно употребувањето на онлајн алатките од страна на сите граѓани во светот, за да учествуваат целосно во животите на нивните заедници и за штитење на слободата на изразување и слободен пристап до информациите онлајн. Ако тоа е навистина така, ние одвоивме дел од нашето време во последните денови од 2010 за да ви се заблагодариме на вашата поддршка и ако може да ви понудиме други начини со кои би ни помогнале во работата што ја правиме:

Донирајте: Ние сме среќни што имаме поддршка од неколку навистина одлични институционални донатори кои силно веруваат во она што го работиме и донираат во Глобални гласови. Како и сите останати непрофитери, ние постојано бараме начини да се осигуриме дека продолжуваме и растеме и поддржуваме иновации и независни проекти чии што фондации немаат доволно средства да ги покријат трошоците. Нашата кампања за зголемување на средства на крајот од годината е најголем дел токму од тој труд, па финансиски донации од нашите пријатели и читатели се од огромна важност за нас, односно, навистина го цениме тоа! Донациите се ослободени од данок за сите плаќачи на данок во САД и ако дониравте на 31.12, би не довеле уште поблиску до нашата цел за оваа година.

Споделете ја нашата содржина: Ова е на некој начин очигледно – нашата цел за засилување на гласовите на сите граѓани во светот може да биде исполнета доколку за нив ќе се чуе од што е можно повеќе луѓе и ние сметаме на нашите пријатели и читатели да ја споделат нашата содржина насекаде. „Сподели“ линковите подолу ви овозможуваат со секој ваш пост да пратите порака или да испратите линк од нашите стории на Твитер, Фејсбук и други социјални мрежи едноставно само со притискање на копчето и ние сме веќе во процес на нивно позиционирање за полесен пристап. Ние би биле уште повозбудени, доколку по читањето на нашите статии, ќе ни дозволите да го дознаеме вашето мислење преку вашите коментари кои што можете да ги напишете на нашиот сајт, на нашиот Фејсбук профил или на Твитер ( @globalvoices – нашите други оддели и повеќето од нашите јазични сајтови имаат исто така Твитер профили).

Партнери со нас: Медиуми, дали знаевте дека нашата содржина може да се реобјавува бесплатно на вашите веб страни/ весник/ видео канал? Сè што бараме од вас е да ни ја признаете нашата заслуга во согласност со нашата политика за користење. Исто така ние сме заинтересирани за друг вид на соработки, како што се оние кои ги лансиравме во 2010 со Економист или соработката што се основа помеѓу нашиот италијански преведувачки тим и италијанскиот дневен весник Ла Стампа. Ако сте заинтересирани за соработка со нас, ве молиме испратете порака до нашиот главен уредник, Солана Ларсен.

Придружете ни се: Дали сте блогер или преведувач кој би сакал да ни помогне во напредокот на покривање на вашиот регион или јазик? Ако сте, добре дојдовте во Глобални гласови! Ве молиме контактирајте со соодветен уредник користејќи ја нашата контакт страна и таа ќе ви ги испрати сите детали за придонесување во статиите преку сумирано објаснување за активноста на вашата блогосфера или преведувачка содржина на ваш јазик во вашата држава.

Вашата поддршка ни помогна 2010 да ја направиме уште една успешна година за нас од нашето шест годишно постоењ, и ние сме многу благодарни за тоа. Ви посакуваме на сите мирна, среќна, глобално поврзана 2011година!

class photo

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.