Малезија: Не за мега кулата

Откако премиерот  Наџиб Разак го откри планот за изградба на 100 катна Варисан Мердека (Warisan Merdeka) за време на Буџетот 2011, Малезијците излегоа да протестираат против изградбата на кулата.

Повеќето Малезијци се против идејата бидејќи веруваат дека нема никаква цел- нема да биде највисоката зграда на светот, а Малезија веќе има облакодери- Петронас кулите близначки и кулата Куала Лумпур.

По објавувањето на проектот од  5 милијарди МИР (приближно 1,6 милијарди долари), многу Малезијци почнаа да го користат Фејсбук како начин да протестираат, а најпопуларната  страница ‘1M Малезијци ја одбиваат Мега Кула’ собрала повеќе од 200 000 приврзаници за нешто повеќе од две недели. Создадено е дури и видео против проектот.

Сепак, ставот на владата е дека проектот ќе биде од корист за економијата на државата и ќе обезбеди работни места, што ќе биде од корист за граѓаните.

Адриан Нг, малезиец, напиша во Лојарбурок дека средствата може подобро да се искористат на друго место:

5 милијарди за развој на државата може и треба да се искористат во други области како подобрување на образованието и здравствените установи, намалување на сиромаштијата, особено да се олесни животот преку подобар јавен превоз и поголема помош за Оранг Асли, инвалидите и постарите луѓе.

Меѓу другото да се:

* Искорени сиромаштијата и да се подобри стандардот на луѓето со обезбедување засолниште, електрична енергија, вода и други форми на помош за сиромашните.

* Подобри инфраструктурата на училиштата и да се зголеми пристапот до образование преку обезбедување бесплатни книги за децата во руралните средини.

* Подобри здравствениот систем со градење центар за дневна грижа и центар за дијализа и надоградување на опремата на установите во болниците и клиниките.

* Изгради капацитет за лицата со посебни потреби преку обезбедување обука за да им се овозможи да влезат и да успеат на пазарот на труд додека се гради инфраструктура со која ќе им се овозможи мобилност.

* Обезбеди помош за постарите со градење домови за стари лица.

* Намалат проблемите во сообраќајот во големите градови со што ќе ги направат поповолни за живот.

Значи, апелирам до луѓето на Малезија за поддршка и да се спротивстават на изградбата на 100 катната кула! Јас сеуште сум горд што сум Малезиец и без кулата.

Гледиштето  на Адриан е поддржано од многу Малезијци. Сепак, не сите Малезијци се против тоа. Пубалан понуди помалку  критичен став:

За мене, тоа се пари на ПНБ и земја на ПНБ. Се додека владата гарантира дека нема да се откаже, треба да е добро. Но, бидејќи се работи за проект за развој, треба да има соодветно истражување и да се направи проценка на влијанието. На тој начин, јавноста може да се изјасни како проектот позитивно/негативно ќе влијае на околната област. На пример, може да предложи подобрување на транспортот заедно со развојот на градењето.

Доколку постои избор, јас преферирам проектот да се изведува подалеку од центарот на градот КЛ. Причината е што тоа може да поттикне развој. На пример, кулата може да се постави во Сепанг, Хулу Селангор, Куала Лангат, или Негери Сембилан. Ова ќе поттикне движење, секундарни и терцијални индустрии како и повеќе можности за работа. Овие споменати области сè сеуште релативно близу до аеродромот и центарот на градот, затоа нема да претставува голем проблем да се привлечат жители.

Популарниот блогер Ахирудин Атан, при прераскажувањето на еден разговор што го имал со некој познаник, напиша:

Во врска со предложеното градење на 100 катницата, што се однесува до мене, вината лежи само во еден фактор – тоа што премиерот ја најави во неговиот Буџет план за 2011. Затоа многу луѓе помислија дека Датук Сери Наџиб Разак ќе зема поголем данок од народот за да ја изгради оваа величествена структура. Што не е случај. ПНБ излезе, задоцнето, да објасни дека Варисан Мердека е нивни проект со нивни пари, и така натаму, но дотогаш предвидената кула веќе стана жртва на политиката во Малезија.

Наџиб не најавуваше нов проект. ПНБ дадоа изјави за медиумите во врска со 100 катната кула при крајот на минатата година. Затоа  без а-у сега. Но, кога Премиерот ја вклучи во неговиот Буџет, настана збрка! Јас сакав да кажам, можеби тој не требаше да ја вклучи  во неговиот буџет, но тогаш тоа ќе беше чудно – кулата треба да биде еден од неговите „највпечатливи“ проекти.

Сè вклучува јавни фондови, затоа не се согласувам со аргументите (дека владата троши пари од даночните обврзници). Зар не го прочитавте блогот на Сајед Акбар Али? Владата нема пари. Ова е правило број 1. Не постои такво нешто како сопствени владини пари. Сите пари на владата се  средства на даночните обврзници. Дури и за држави кои немаат даноци на приход, сепак се јавни средства. Пари на народот.

Според мене, приговорот е чиста политика. Тогашен автопатот Север – Југ, сега Варисан Мердека. Разликата е во тоа што ние немавме блогови, немавме пристап до Фејсбук, тогаш немавме ни компјутери во нашите домови.  И зборувајќи за интернет, што се случува со големиот проект на владата/ Телеком Малезија за широко појасен интернет вреден над 10 милијарди? Ние сите уживаме во инфраструктурата, а со сигурност користиме од придобивките на д-р Махатхир за отвореност и политика на немешање.

Исто така, треба да гледаме позитивно на протестите. Мислам, владата треба. Што сака да види оваа група на луѓе? Многу кажаа дека ни требаат повеќе болници и доктори, училишта и учители. Размислете за ова. Барем луѓето зборуваат и даваат повратни информации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.