мај, 2010

Написи од мај, 2010

Египет: 30 дена блогирање

Египетскиот блогер Шајун Бикалби – Нешто во моето срце – напиша за кампањата наречена „30 дена блогирање“. Оригиналната идеја е на Далиа Јунис и за тоа таа пишуваше тука [арапски]. Луѓето кои учествуваат во оваа кампања треба да пишуваат нов блог пост секој ден, цел месец. Слично е на „Проектот...

САД: Недела на историјата на конопот – спасувајќи го растението и планетата

Во време на тешки економски прилики, зошто некој би го забранил индустриското одгледување на едно мошне рентабилно и корисно растение на кое не му се потребни речиси воопшто пестициди, може да се употребува за производство на текстил, храна, сточна храна и може да користи како замена за петролеј, памук и целулозна маса?

Иран: Кој краде бронзени статуи?

Се чини дека Иран е земја на изненадувања и дека на нив им нема крај. Интернационалните и иранските медиуми објавија дека религиозни мотиви стојат зад неодамнешната кражба на 11 бронзени статуи од ирански национални херои. Меѓу статуите се наоѓаат статуата на Мохамад Моин, истакнат книжевен учител (фото, десно, од веб...

Јужна Африка: Време е за Диски

Постојат многу официјални ознаки, белези и логоа кои ги дефинираат спортските настани во целиот свет. Оваа година, Светското првенство ФИФА 2010 во Јужна Африка не е по ништо различно. Го имаме официјалното ФИФА лого, официјалната ФИФА маскотата (Zakumi), официјалниот заштитен знак на ФИФА и сега – официјалното танцување. Не само...

Колумбија: Поглед кон користењето на Твитер во земјата

Во текот на изминатите 2 месеци, сајтот на заедницата Twitter Colombia [на шпански] анализираше 3 милиони твитови од 20 000 корисници во земјата, како начин да се отслика употребата на оваа алатка за микроблогирање. Резултатот беше збир на статистички податоци за просечниот корисник на твитер во Колумбија [на шпански]. Во...

Македонија: Блогери ја прославија победата над фашизмот од 1945 г.

Неколку македонски блогери се придружија на прославата на победата врз фашизмот во Втората светска војна. Пред Македонија да стане независна во 1991 година, Денот на победата врз фашизмот (англиски) се прославуваше на 9 мај како работен празник, заедно со 15 мај, денот на конечната победа во Југославија, поради тоа што...

Босна: Соборен Гинисовиот рекорд во масовен валцер

Тузларије извести (босански) дека вечерта на 5 мај, 1510 двојки танчери го собориле Гинисовиот рекорд во истовремено играње валцер во Тузла. Претходен рекордер била Виена со 317 двојки. Меѓу учесниците имало и жители на други места, меѓу кои и австрискиот амбасадор во Босна со сопругата.

Македонија: „Може ли да ни банкротира државата?“

Учесниците на конференцијата „Може ли да ни банкротира државата?“ организирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 5 мај сметаат дека грчкото сценарио сè уште е далечна опција, но сепак повикуваат на претпазливост, особено поради порастот на задолжувањето на државата и притисокот врз приватниот сектор.

GV самит 2010: Дискусија за модерирање на содржина

Овој текст е превод на GV summit 2010 Videos: A Discussion of Content Moderation оригинално напишан од Сами Бен Гарбија За време на панел дискусиите, Викторија Гранд, сениор менаџер за комуникации во YouTube, зборува за процесот на модерирање на содржината, овозможувајќи поглед во политиките на YouTube за отстранување на содржина...

Узбекистан: Сагата на Стинг

Сара Кенџиор пишува за неодамнешниот скандал во печатот околу концертот на Стинг во Ташкент, во чест на ќерката на узбекистанскиот претседател и како овој настан створи еден нов бран на интерес во западните медиуми за човековите права во Узбекистан.