Рик Фалквинге, основачот на Пиратската Партија, нуди реинтерпретација на верските војни кои во текот на XVI и XVII век ја опустошиле Западна Европа, споредувајќи ги со современата борба за контрола на информациите преку несоодветни и агресивни закони поврзани со авторските права и слободата на изразување:
Религиозните војни не биле за религијата како таква. Нивната суштина била кој смее да ја има моќта да толкува, кој го контролира знаењето и културата достапна на масите. Тоа биле војни за контрола на протокот на информации.
Забелешка: Сите линкови во постов водат до содржини на англиски јазик.