Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видео: Изучување на нов јазик преку онлајн видео

Дваесет и први февруари е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик и оваа година акцентот е ставен врз јазичната разновидност и новите технологии. Имајќи го ова предвид, ќе ви претставиме повеќе примери како луѓето го слават и споделуваат нивниот мајчин јазик со останатите луѓе, преку онлајн видеа и веб-сајтови.

out of order sign in several languages.


Не работи од Ciro Durán, CCBY


Најпрво ќе се осврнеме на ајмарскиот јазик; овој јазик е зборуван од повеќе од два милиона луѓе и се користи во Боливија, Перу и Чиле, а во првите две држави е признат и како службен јазик. Говорителите на ајмарскиот јазик стануваат сè поактивни и на интернет преку проекти како што е Jaqi Aru во Ел Алто, Боливија и благодарение на нивните преведувачки напори, Глобал Војсис сега е достапен и на ајмарски јазик. Во продолжение, преку ова кратко видео чиј автор е Choice Humanitarian Org може да научиме и неколку фрази на ајмарски јазик изговорени од неговите родени говорници:

Друго америндиски јазично семејство е кечујскиот (Quechua): од Еквадор па сè до Аргентина постојат повеќе дијалекти на овој јазик со повеќе од 10 милиони говорители. Овој јазик е исто така и службен јазик во Перу и Боливија. Хајме Салазар својата љубов кон кечујскиот јазик ја развил како повозрасен: кога бил помлад сметал дека кечујскиот јазик е јазик во изумирање и дека нема доволно книги напишани на овој јазик за да тој воопшто троши време на негово изучување, иако признава дека му се допаѓале неколку песни отпеани на овој јазик. Денес, преку неговиот канал на YouTube, тој држи онлајн часови по кечујски јазик наменети за англофоните и шпанските говорители. Во следново видео нè учи како да кажеме „Сакам да учам“.

Сега да преминеме кон Намибија и да научиме нешто и за KhoeKhoegowab. Ова е еден од најраспространетите јазици од јазичното семеjство Khoe, особено препознатливи по нивните кликнувачки звуци во одредени зборови. Во следново видео учителите во основно училиште Туснелда Даусас и Габриел/Коесеб ќе ни ги претстават четирите кликнувачки звуци: s: !, /, # и //.

Учењето преку песна е забавен начин на учење не само за децата. Следнава лекција преку песна ќе нè научи како да се поздравуваме на свахили, јазикот кој претставува лингва франка или заеднички јазик за поголемиот дел од источна Африка.

Велшкиот јазик е службен јазик во Велс, но иста така се користи и во некои делови од Англија, Нов Зеланд, Австралија, па дури и Аргентина. Во следново видео, Бен Лоу (учејќи го својот пријател Дејвид) ќе нè  научи и нас како да го изговориме зборот Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch, кој претставува име на еден велшки град кој е познат токму поради неговото многу, многу долго име.

http://www.youtube.com/watch?v=9-JbavUh5vQ

И последно, но не и најмалку важно, да се потсетиме на потеклото на овој Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Овој комеморативен настан својот почеток го има на Универзитетот во Дака во 1952 год. кога беа убиени студенти кои протестираа за зачувување на бенгалскиот како службен јазик на Бангладеш (тогашен источен Пакистан). Денес бенгалскиот е службен јазик не само во Бангладеш, туку исто така во Индија и Сиера Леоне. Сузан ќе нè научи како да се поздравиме на бенгалски.

Глобал Војсис Онлајн навистина се грижи за јазичната разновидност и повеќејазичноста: ГВО се состои од стотици волонтери, преведувачи, автори и уредници кои пишуваат и зборуваат повеќе од еден јазик. Многу од нашите читатели се исто така билингвални, но сепак ние вложуваме големи напори и за оние кои не го зборуваат англискиот како свој втор јазик и кои ја заслужуваат можноста да ги читаат на својот мајчин јазик светски-достапните содржини. Затоа повелете разгледајте ги различните сајтови на Глобал Војсис Лингва и доколку сакате оставете коментар или искажете ја вашата поддршка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.