GlobalVoices на Повеќе информации »

Саудиска Арабија: Добро документирана песочна бура

ПреводиОвој пост е достапен и на:

Français · Vidéos : Tempête de sable surprise en Arabie Saoudite
繁體中文 · 沙烏地阿拉伯:記錄沙塵暴
简体中文 · 沙乌地阿拉伯:记录沙尘暴
বাংলা · সৌদি আরব: ধুলিঝড়ের উপর তোলা গোছানো তথ্যচিত্র
Malagasy · Arabia Saodita: Tafio-drivotra iray voarakitra an-tsary
English · Saudi Arabia: A Well-Documented Sandstorm

Наоружани со камери и фотоапарати, блогерите од Саудиска Арабија ја документираа масивната песочна бура која се случи во главниот град Ријад, со која видливоста се намали само на неколку метри и го парализираше градот.

На YouTube, Riyadh Travels објави видео во кое се покажува како бурата се движи со голема брзина и во неколку минути го покрива целиот Ријад.

Riyadh Travels коментира:

Да се биде обвиен од песочна бура во буквално неколку минути е извонредно искуство да се доживее од прва рака. Беше чисто, сино небо… и во следите неколку минути облак од песок со видливост од само неколку метри.

MadridyО8 објави видео од бурата исто така на YouTube:

Блогот Saudiwoman објавува фотографии оф бурата и го запишува нејзиното искуство:

Денес имавме навистина лоша бура. Утрото никогаш не би претпоставил дека тоа ќе се случи. Излегов од дома во 7:30, а небото беше чисто и сино. Подоцна требаше да го земам мојот син од предавања и морав да возам директно во бурата. Можевте да ја видите како се приближува од хоризонтот. Пат што вообичаено трае 45 минути, траеше дупло подолго. Автомобилите одвај се движеа и се слушаа сирени. Пожарникарски, болнички и полициски коли ја следеа бурата. Веројатно тоа беше многу лош ден за луѓето со асма.

Life Thru Dusty Lens, кој исто така објави фотографии од бурата, забележува:

Песочната бура дојде ултра брзо. Небото стана жолто и темно во неколку минути.

Boyd Jones, кој беше во Ријад, исто така објави серија од фотографии започнувајќи со овој пост. Еве една од нив:

Песочната бура беснее во хоризонтот

Песочната бура беснее во хоризонтот

Majeed 99 [арапски], од Саудиска Арабија, објави фотографии од песочната бура, кој тој ги собрал од различни извори, додека Џон Бургс од Crossroads Arabia линкува до вести за бурата.

Во меѓувреме, кувајтскиот блогер Frankom се жали:

Немаше воопшто дожд оваа година. Нашата зима е сува, нашето лето е суво, нашета пролет е сува, нашата есен е сува… но му се заблагодарувам на господ бидејќи нашата ситуација е подобра од други.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.


Регион

Држави

Јазици