Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Костарика: Кулинарски блогови кои го зголемуваат апетитот

Блогерите од Костарика успешно ги истражуваат нивните кулинарски способности преку разни интересни блогови, збогатени со рецепти и слики. Овие здрави, слатки, типични и експериментални јадења го задржуваат вниманието и го зголемуваат апетитот  на читателите на овие блогови. Опсегот на блоговите е широк – од готвачи, аматери до луѓе кои се страстни љубители на храната, чија цел не е да ги презентираат рецептите, туку да ги охрабрат читателите да почнат да експериментираат со храната.

Italian octopus stew by Mariana Flores (Food Junky) and used with permission.

Италијанска чорба од октопод од Маријана Флорес (Food Junky) фотографија употребена со нејзина дозвола

Food Junky [шпански] е кулинарски блог на Маријана Флорес. Името на блогот асоцира на зависнот од храна, што не е тешко да се замисли, гледајќи ги прекрасните презентации на нејзините јадења.  Како вистински фан на готвењето, нејзините категории на блогот се големи толку колку што има и јадења, кои се далеку од комплицирани за подготовка.

Љубовта на Flores кон готвењето е една од причините зошто таа почна да ги објавува рецептите на нејзиниот блог, како што кажува таа во нејзиниот прв пост:

Yo sé que hay millones de blogs de gente que cocina y comparte recetas, y fotos, y tips y de todo, pero ninguno es mío.

Јас знам дека има милион кулинарски блогови кои споделуваат рецепти, слики, совети и се друго, но никои од тие не се мои.
Pork in mango and tamarind sauce by Mariana Flores (Food Junky) and used with permission.

Свинско во сос од манго и тамаринд од Маријана Флорес (Food Junky) – фотографијата е користена до нејзина дозвола

Food Junky може да се следи на твитер (@Food_JUNKY)

Manos en la Masa [шпански] (Рацете во тестото) е колективен блог кој објавува свои кулинарски постови уште од 2007. Лена, Андријана, Лиз и Џулс ги споделуваат своите искуства преку вкусни рецепти, употребувајќи органски производи, даваат здрави препораки и сето тоа го зачинуваат со доза на хумор. Авторките сами ги приготвуваат експерименталните рецепти и тоа се рефлектира преку начинот на кој ги пишуваат рецептите:

Seguimos utilizando la berenjena como sustituto de la pasta de trigo. Colocamos una capa de berenjena encima del queso, y volvemos a empezar: tomate, queso y más berenjena. Coronamos con una leve capa de tomate y un par de dientes de ajo crudos picados bien finitos. Como la receta no lleva mucho aderezo, esto le ayudará a crear un contraste maravilloso, créame.

Продолжуваме со употреба на модриот патлиџан како замена за тестенините. Ставете парче модар патлиџан врз парче сирење и потоа почнуваме пак: домат, сирење и пак модар патлиџан.  Најгоре ставете тенко парче домат и ситно исецкан свеж лук. Овој рецепт не содржи многу сос  и тоа ќе направи еден многу добар контраст, верувајте ми.

Симболизираните, класични национални јадења се дел од оваа иницијатива. Во својот блог Cocina Costarricenes [шпански] (Кујна во Коста Рика), Луиз Гонзалес ја истражува привилегијата за готвење дома типична костариканска храна. Рецептите и советите за готвење кои со генерации се чувале, сега се достапни за сите, благодарение на Луис и неговара страст за готвење. Блогерот вака го објаснува својот кулинарски блог:

En Costa Rica la gastronomía es herencia y resultado del cruce de razas. La auténtica cocina costarricense se hace en cocinas de leña (fogón) y al lado de hojas de plátano. Recetas que intento rescatar y dejar plasmadas en este blog.

Во Костарика, гастрономијата е дел од наследството и е резултат на микс од многу нации. Автентичната костариканска кујна се подготвува во дрвени чинии. Овие рецепти се обидов да ги откријам и да ги презентирам на блогот.

2 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.