Корисниците на Twitter од Мексико го покажаа своето незадоволство со политичкиот систем во земјата со приклучување во кампањата за поништување на гласачките ливчиња, спроведена за изборите на 5 јули.. Додека гласаа тие ги користеа своите мобилни телефони и фото-апарати во гласачките места за да ги фотографираат своите неважечки гласови (поништени гласачки ливчиња). И покрај тајноста при гласање, некои граѓани на Мексико ги споделија своите протесни гласачки ливчиња на интернет.
Иако фотографирањето гласови е федерален прекршок за да се избегнат измами, предупреди мексиканскиот весник Миленио [шпански], јавно беа споделени „креативни“ гласачки ливчиња со таговите #votomx и #anulArte (игра со зборови од “null” и “art”). Меѓутоа, Twitcaps – еден од сервисите со кои се овозможува објавување фотографии користејќи микро-формати за линкови на Twitter – е местото каде мозаикот од неважечки гласачки ливчиња ќе биде вистински ценет: поништени гласачки ливчиња, иконата Failwhale на Twitter, гласачки ливчиња за поддршка на сатиричната кампања на др. Моно промовирана од блогот Bunsen [шпански], неколку непристојни цртежи од пениси и пцости, па дури и Шекспировата алузија нацртана со пастел.
Priscilliana ја користи познатата икона на Twitter, Failwhale [шпански] на нејзиното гласачко ливче, однесувајќи се на она што другите корисници го викаат „епски неуспех на системот“:
Hernandezz гласаше за др. Моно [шпански], карактер од онлајн стрип [шпански], кој ги исмејува мексиканските политички кандидати:
“Todos con Dr. Mono!!1 (O una prueba de que tengo pésimo pulso)”
Hgsantarriga оди кон подиректна порака на неговото гласачко ливче, со фигура која наликува на запатистички бунтовник:
Aquí comienza la revolución.
За овие поништените гласачки ливчиња беше објавено во неколку национални весници, како што се Миленио [шпански], Ел Универзал [шпански], меѓу кои беше и следново гласачко ливче објавено од Jordi, кое некој му го пратил [шпански], чиј автор е непознат но пораката е многу јасна: