GlobalVoices на Повеќе информации »

Сингапур: Доколку ја лансиравме ракетата…

По неуспешното лансирање на ракетата на Северна Кореја, на Твитер се појави хаштаг: #ifSingaporelaunchedarocket.

За брзо време, сингапурските твитерџии почнаа да ги споделуваат своите ставови за културата и слабите страни на Сингапур.

Г-дин Браун зборува за сингапурскиот конкурс за именување на терминалот и пристаништето кои на крајот останаа со истите имиња:

@mrbrown: #ifSingaporelaunchedarocket  По конкурсот за именување од милион долари, одлучено е ракетата да се вика Сингапурска ракета.

@jeffcheong: #ifSingaporelaunchedarocket и не успеа, ќе биде познато како воздушно истражување. На Сингапур секогаш му успева. Исто како што „езерцата“ се користат за да се прикрие „поплавата“.

@contrabandkarma: #ifSingaporelaunchedarocket која беше неуспешна, Луи Так Ју би рекол дека дефектите не можат да се избегнат.

@dingneng: #ifSingaporelaunchedarocket би било во периодот пред изборите, за да можат политичарите да се фалат за тоа.

@kixes: #ifSingaporelaunchedarocket која беше неуспешна, насловот на @STcom би бил, „Министерот за одбрана вели дека Сингапурската ракета е добар прв обид.“

JohnnyBoy се осврнува на Јам Ах Ме кој се прослави откако ги најави резултатите од изборите во 2011:

@MrJohnHoHoHo: #ifSingaporelaunchedarocket Јам Ах Ме ќе биде тој што ќе одбројува

@visakanv: #ifSingaporelaunchedarocket ќе имавме безобразна песна со гестови со рацете како на пример на YOG – Oh Yeah x3

@weizhu: #ifSingaporelaunchedarocket Мора првин да се најдат некои тетки првин да ја потапкаат лансирната рампа.

Адин се осврнува на сингапурската слаба страна за споменување на среќните броеви за да можат да се обложуваат на нив на лотарија:

@axixe: #ifSingaporelaunchedarocket луѓето би прашувале дали има регистерска табличка. За среќа.

Овие твитови од Сингапурците се само уште еден пример за сингапурскот став за тролање, за претворање на натаните и изреките во предмет на сатира и забава.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.


Регион

Држави

Јазици